„Охридски Комуналец“ се подели на три нови јавни претпријатиа

Едното ќе раководи со градските гробишта, другото ќе врши погребални услуги, додека третото ќе управува со пазарите.

 |  Крсте Голабовски  | 
jp Komunalec
ЈП Комуналец

Sasho AlcevЕдното ќе раководи со градските гробишта, другото ќе врши погребални услуги, додека третото ќе управува со пазарите. Финансиското работење сите три јавни претпријатија, останува да биде раководено од страна на „Комуналец“.
Охрид доби уште три нови јавни претпријатија. На дваесеттата седница на советот, беа усвоени одлуките за формирање на трите нови претрпијатија, од постоечекото ЈКП, „Охридски комуналец“. Од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, се сомневаат во успешноста на спроведувањето на поделбата како и во нивното ефективно понатамошно функционирање, како посебни јавни претпријатија.
„Малку е спорен процесот на основање на овие ЈП-ја се она што ќе следува како делбен биланс на долгови, на параметри на човечки ресурси и економски параметри“, потенцира Паноски.
park

Поделбата на „Комуналец“ требаше да опфати создавање на уште едно ЈП, и тоа „Паркови и зеленило“, но според зборовите на првиот чвек на „Комуналец, Сашо Алче неговото формирање е одложено и сеуште ќе биде предмет на понатамошна анализа во Комуналец. Инаку, финансиското работење на сите три новоформирани јавни претпријатија, останува да биде раководено од страна на „Комуналец“.
„ЈП охридски комуналец заради примена на овие закони кои се ставени на сила пред 2-3 години. Одамна се припремаме за создавање на овие три петпријатија, изготвени се елаборати со кои ќе се делат основните средства и човечките ресурси. Паричните побарувања и обврски остануваат во ЈП, за да нема проблем во работењето во овој дел“,истакна првиот човек на Комуналец.
Со јавното претпријатие за управување со градските гробишта, ополномоштен да раководи е Ѓоко Филипчески, се до неговата регистрација во надлежниот орган и неговото конституирање. Со Одлуката за основање јавно претпријатие за вршење на погребни услуги,Мите Здравески ќе биде ополномоштен раководител се до регистрацијата на ова претпријатие во надлежниот орган и неговото конституирање. Согласно одлуката на Советот Живка Ангелоска  ќе ги води работите на претпријатието кое ќе раководи со градските пазари неговата регистрација во надлежниот орган и конституирање.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top