Комуналец наплатува!

ЈП Комуналец фрчи со опомени и тужби до неплаќачите на сметки за ѓубре.

 |  Валентина Нелоска  | 
Saso Alcev
Сашо Алчев

Овој начин на наплата ги подзамисли граѓаните редовно да ги подмируваа сметките велат од претпријатието. Од таму се задоволни со просечната наплата споредено со лани.

Неплаќачите на сметки за извршена услуга- собран смет добија опомени и тужби. Меѓу нив се голем број граѓани, претпријатија и фирми, но и сопствениците на викенд становите во Охрид.

zgradaОд правната служба на ЈП Комуналец велат дека покрај сопствениците на викенд становите неплаќачи се и голем број Охриѓани. Со опомена пред тужба се преупредени 4900, а преку судски пат е покрената постапка за наплата на  побарувањата за 3300 граѓани. Ситуацијата не е подобра со малите и средните претпријатија. ЈП Комуналец поднело тужби  до 330 мали претпријатија , а 625 добиле опомени. 261 опомена пред тужба е испратена до големите претпријатија, а пак против  105 од нив се покренати  тужбени постапки. Раководителот на правната служба Соња Вељаноска смета дека со овој вид на предупредување, наплата  во претпријатието имаа ефект.

Раководителот на правната служба, Вељаноска  појаснува дека тужбите и опомените пред тужби се применуваат периодично на секои три месеци.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top