Комуналец, јаболко на раздорот

Деловните простории кои ги продава ЈП Охридски Комуналец повторно ги скара советниците.

 |  Татјана Маленкова  | 
Saso Alce
Сашо Алче

Деловните простории кои ги продава ЈП Охридски Комуналец повторно ги скара советниците.

Додека едните сметаат дека дуќаните мора да се отуѓат, други велат претпријатие што работи рентабилно, несмее да си дозволи да продава.   

Предлог одлуката за давање согласност на одлуката за утврдување на условите врз кои ќе се спроведе отуѓување на деловните простории на ЈП Охридски Комуналец, помина кај градските избраници. Мнозинството во советот  за оваа точка даде зелено светло, за разлика од советниците на ВМРО ДПМНЕ кои уште еднаш ги истакнаа причините поради кои ќе гласаат против.
„Ако ЈП е дели најмалку на три а може и четири ЈП, најдобро е обие деловни простории да се чуваат за новите ЈП. Ако сега отуѓиме се, ќе нема каде да седнат новите директори, рече советникот од ВМРО Борче Стефаноски.

ЈП одлучи да отуѓи деловни простории со цел да купи основни средства наменети за извршување на основната функција. На денешната седница се донесе одлука за начинот и постапката на отуѓувањето на дуќаните се утвдија и комисиите, а со тоа се создадоа сите услови за нивно продавање, вели директорот на ЈП, Сашо Алче.

Алчев ги демантираше и обвинувањата изнасени од советникот Стефаноски, дека еден е деловните објети кој треба да се отуѓи е под хипотека.

„Не е точно. Имаме писмено известување од Охридска банка дека ни еден од дуќаните не е под хипотека“, рече Алче.

Инаку на денашната седница, советниците  дадоа зелено сетло и за предлог одлуката на извештајот за остварените резулатати од работењето на ЈП Охридски комуналец за периодот од 01 јули до 30 септември. Изгласана беше и предлог одлуката за давање согласност на одлуката за јавна набавка на специјални возила  за ЈП Охридски комуналц, Охрид.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top