Комплексот Летница останува непроменет

Реконструкцијата на комплексот Летница ќе ја вршат неговите првобитни идејни творци, архитектите Софија Мизова и Маргарита Трендафилова.

 |  Татјана Маленкова  | 
Letnica
Летница

LetnicaПоследните препукувања помеѓу централната и локалната власт околу комплексот Летница, мотив нашата ТВ куќа да испита што се случува со оваа атрактивна охридска локација.

„Летница е сопственот на Охрид турист. Проектот за реконструкција го работат Софија Мизова и нејзината сестра Маргарита Трендафилова.  Тие се проектанти по барање на сопственикот на објектот“, вели раководителот на секторот за урбанизам, заштита на животната средина и комунален развој,Бранко Арнаудов.
Тој додава дека сопствениците на локацијата и објектот побарале во месец март 2009 год да се изработи проект за реконструкција, санација и доградба на некои делови во истиот стил, при што ја доставија потребната документација до локалната самоуправа, од каде истата била пренасочена и до заводот за заштита на спомениците на културата бидејки станува збор за локација во заштитено градско подрачје.

Арнаудов вели дека локаланата нема никави ингеренции кога станува збор за локацијата Летница. Зелено светло за измена на проектот може да даде само проектантот на истиот, додава првиот човек на секторот за урбанизам.

Инаку комплексот Летница се изградил во `70-тите години. На јужниот дел од комплексот беше лоцирана кафеана со отворена тераса , на северниот дел се наоѓаше сината сала, во источниот дел имаше ресторан со самопослужување, а на едне дел на вториот кат подоцна беше отворен ноќен клуб.

Од градењето,комплексот претрпе многу надворешени и внатрепни промени. За жал дојде до ситуација терасата на Летница која своевемено  претставуваше  една од најубавите, да не фунционира, а пред неа да се постви урбана опрема, вели Арнаудов.

{loadposition content}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top