Компјутерскиот криминал, опасна форма на меѓународниот криминал

Само минатата година овој вид криминал ја чинел Македонија 22 милиони денари.

 |  Голабовски Крсте  | 

Успешната битка против комјутерскиот криминал, кој е најсовремена форма на организиран криминал, не се води само на национално ниво, велат експертите. Регионалната координирана соработка помеѓу сите субјекти вклучени во борбата против овој вид на криминал, претставува императив.
Законите, системите на криминална правда и интернационалната соработка не ја одржуваат брзината со која технологијата се менува. Министерот за правда на РМ, Михајло Манески истакна дека само минатата година кај нас биле пријавени 51 кривично дело од овој вид на криминал, тренд кој е идентичен и во другите земји од опкружувањето. Покрај, навлегувањето во компјутерските системи, правење и употреба на лажна платежна картичка, како најчестите облици на овој вид криминал кај нас, Министерот Маневски посочи и некои од неговите најнови форми.

Во последно време почнуваат да се создаваат криминални групи, составени од членови од целиот свет. Рапидно се подобрува и нивната меѓусебна соработка. На интернет можат да се сретнат таканаречени компјутерско-криминални заедници каде што се разменуваат украдени броеви за пристап, шифри и софтвер. Министерот за правда, посочи дека од 100 лица кои се гонат кривично во РМ во 2010-та година, 1/3 се странски државјани, додека 2/3 се државјани на РМ. За таа цел Академијата за судии и јавни обвинители, континуирано врши обука и едукација на претставници од правосудството за програми за анализа на компјутерскиот криминал. Катерине Шулман од Советот на Европа истакна дека само неколку земји имаат адекватни закони за да го адресираат овој проблем, и ниту една од нив не успеала да ги разреши сите легални, законски и превентивни проблеми. А тоа, не е единствената сфера на чиј развој треба земјите од регионот да работат, порача Шулман.

Феноменот на компјутерски криминал постои долго време и нема ни да исчезне. Компјутерската технологија денес е онаму каде што беше автомобилската технологија во 1900 година. Претстои значаен развој. Секако, се уште ја немаме видено најголемата величина на компјутерскиот криминал.Земјите мора да бидат запознаени со проблемот и да ги сфатат импликациите за нивниот социјален и економски развој. Како и да е, овој прв чекор не е доволен: компјутерскиот криминал не е национален проблем, туку интернационален.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top