Комисија: Средните училишта во Општина Охрид ќе учат он лајн

Уште едно училиште во Општина Охрид доби дозвола за организирање настава со физичко присуство. Комисијата даде согласност учениците од четврто одделение во подрачното училиште Климент Охридски  во Далјан да следат настава во училници.

 |   | 

Во третиот извештај од Комисијата  кој го усвои владата на вчерашната седница , стои дека  подрачното училиште Св Климент Охридски во далјан може да организира настава со физичко присуство за четврто одделение. Средните училишта  „Св.Климент Охридски“ ЕМУЦ„Св.Наум Охридски“ и УТУ „ВанчоПитошески“ СОСУ„Св.Кирил и Мeтодиј“ имаат доставено комплетна документација, но поради епидемиолошката состојба и големиот број на ученици во училиштето, не ги исполнуваат условитеза реализирање настава со физичко присуство поради што не добија согласност, стои во извештаојот.
Комисијата во наведениот период работеше врз основа на доставени барања од основачите на основните и средните училишта, при што ја имаше предвид епидемиолошката состојба во регионите во кои се наоѓаат училиштата, вкупниот број ученици, хигиенско санитарни услови, просторните капацитети и други индикатори согласно усвоениот план и протоколи, информираат од Владата.
На својата редовна 7 седница, одобри организација на продолжен престој на учениците во основните училишта за одделенијата кои ќе започнат настава со физичко присуство, со препорака продолжениот престој да се организира и реализира со ученици од иста паралелка и од исто одделение, без мешање на различни паралелки и одделенија.
Владата ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести да отпочнат со работа дневните центри за лица со попреченост со стриктно почитување на мерките и веќе усвоениот протоколот за работа на дневните центри во услови на епидемија со КОВИД-19.
А усвоен е и протоколот за работа на игротеките во услови на епидемија со КОВИД-19 при што владата  препорача строго почитување на мерките за спречување на ширење на вирусот со обврска и одговорност на вршителите на дејноста за целосно спроведување на протоколите.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top