Комеморација по повод смртта на Гоце Ангеличин Жура

По повод смртта на истакнатиот научен истражувач, историчарот на уметност и археолог Гоце Ангеличин Жура, во куќата на Христо Узунов денеска се одржа комеморација, на која присуствуваа членови на неговото семeјството, колеги, пријатели и почитувачи.

 |  Соња Рилковска  | 

Бројни пријатели, колеги, роднини и членови на семејството сопругата Нина и ќерката Гордана со слози во очи и бескрајна тага утрово на комеморативната седница  во куќата на Христо Узунов се простија од големиот историчар , хроничар на градот Гоце Ангеличин Жура.
Насмеан, неуморен, со темпераментен и немирен дух , секогаш отворен за соработка , жеден за нови научни откритија,  вака ќе го паметат неговите колеги и соработници.
Заслужен културен работник кој зад себе остави голем број стручни дела од областа на историјата на уметноста. Дел од неговите книги  денес се чуваат во библиотеката во Ватикан.
 „Драги пријатели болката е голема ненадоместлива за семејството, за сите нас. Тие загубија племенит човек, сопруг и татко. Ненадоместлива е загубата и за нас неговите колеги и пријатели бидејки имаме длабока почит кон неговата творечка креативност. Репутацијата на голем културен работник и творец во земјата и андвор од неа значи престиж и репутација на нашиот град Охрид и нашата земја“, вели Горан Патчев од Завод и Музеј Охрид.

„ На извесен начин беше и благословен да има контакти со такви врнвни проучувачи на историја на ументост. Од друга страна тоа го поттикнуваше да открива и истражува. Мегу ретките што јас ги познавам колеги мои имаше извонредна дарба на паметење паметеше многу. Буквално се беше педантен проучувач и педантен во однос со колегите“, рече Донка Барџиева Трајковска историчар на ументост колешка на Жура.
Имаше божја дарба да вдахнува дух во своите дела, беше благословен  тоа го признаваат еминетни стручни лица. Ми даваше поттик да истражуваме и пишуваме затоа што само пишаниот збор останува , рече  со тага неговата колешка  Данче Матова со која заедно  беа од студентските денови како  прва генерација  историчари на уметност.
„Ние сите сме патници низ времето зад нас остануваат нашите дела нашат личност, доблеста и човечноста. Гоце сето тоа го имаше и ни го остави. Најголемата негова љубов беа неговата ќерка Гордана на која најмногу се радуваше а имаше и зошто таа е млад успешен човек, а Нина неговата жена доследно  го пратеше низ животот таа беше неговата инспирација, негово се. Почитуван мој колега нека ти биде лесна земја имај мир и спокој негде поблиску до Свети Климент твојот светилник низ животот и творештвото.- Данче Матова.
На комеморативната седница се обрати и Рубин Земон, актуелен пратеник кој своевремено бил вработен во охридскиот завод.
-„За мене тој беше витез на науката, постојан борец. Во науката секога му беше на пиедесталот во фокусот да се открие научната вистина. Не признаваше авторитети во науката  па дури поаѓаѓе од тоа мото на Аристотел  доаѓаше и во конфликт со својот професор Цветан Грозданов“, истакна  Рубин Земон.
Хроничар на градот  Охрид, секогаш расположен за безброј приказни и анегдоти,   со  плоден  книжевен опус за бројните црковни храмови и пештерски цркви секогаш отворен за медиумите и новинарите.
„Исклучителен интелектуалец, вреден професионалец, истражувач и хроничар кој сите свои откритија во работната кариера како историчар и археолог ги споделуваше со јавноста.Драг соговорник и еден од ретките кои не ги одбегнуваа медиумите не плашејчи се јавно да изнесе став и за најчуствителни прашања за кој многумина одбираа да молчат.Прес=цизен и со  остра мисла а беше таков затоа што секогаш трагаше по вистината“, рече Горан Момироски.
Историчар од светски ранг ,  храбариот  научник,  како го нарекуваат колегите беше неуморен , Гоце Ангеличин Жура подготвуваше ново дело  посветено на древниот Охрид во кој тој беше вљубен.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top