„Комбах“ организација за заштита на автохтоните риби

Состојбата со рибниот фонд на балканот е алармантна. Над 50 насто од нив се длабоко загрозени, велат научните работници.

 |  Татјана Маленкова  | 
riba
риба

Од конференцијата која деновиве се одржува во Охрид ќе произлезе основање на КОМБАХ организација, која во иднина ќе биде промотор за сите истражувања и понатамошна заштита на слатководните риби од овој регион. 

Научните работници од Балканот и пошироко се сретнаа во Охрид. Над 70 учесници од 14 земји деновиве учествуваат на конференција за заштита на слатководни риби на Балканот. Замислата на оваа конференција е да се направи меѓународно тело кое понатака ќе се грижи на овие простори како промотор за заштита пред се на рибниот фонд, а понатака и негово истражување и искористување.

konferencijaЗагрижува фактот што во водните базени има внесување на нови видови риби, кои што не припаѓаат на оваа рибна фауна, а со тоа негативно влијаат врз другите видови риби.  Сметаме дека сега е вистинско време да се алармираат овие работи, не само на ова подрачје туку и пошироко, во целиот свет, вели Спиркоски.

„Особена чест ми претставува можноста да придонесам во воспоставувањето и подобрувањето на врските помеѓу научниците што се занимаваат со слатководна рибна фауна во светот. Реките и езерата на балканот се богати со ендемични видови риби и од тој аспект овој регион во светот претставува многу важен дел во однос на биодиверзитетот на рибната фауна“, вели истражувачи директор во норвешката институција за заштита и конзервација на природата од Холандија.

Претставникот на научни работници од Албанија посочи дека конференцијата во Охрид доаѓа во еден многу потребен момент. Според него, изградбата на хидроцентралите на реките, прекумерниот улов на риба, земјоделските активности, ерозијата, користењето на вода за наводнување, се само дел од причинителите за уништување на рибниот фонд.

„И во Албанија постои сериозна загриженост околку рибниот фонд“, вели професор Спасе Шумко од земјоделскиот универзитет во Тирана.

„Постои загриженот дека пастрмака е главен улов. Затоа се палшиме за опстанокот на оваа риба. Познато е дека доколку се прекине еден дел од синџирот на исхрана, нарушувањето ќе се одрази на сите други видови риби“, додава Шумко.

 

{loadposition content9} 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top