Од Локалната велат дека деновиве ќе биде распишен тендер за избор на фирма која треба да го врши прскањето против оваа наезда.
Наскоро треба да започне овогодинешното прскање против комарци. Од Локалната самоуправа од Охрид велат дека се подготвени. Симон Илиевски, портпаролот на Општината вели дека како и секоја година и годинава се подготвени за запрашувањето против овие инскети. Бидејќи Охрид е туристички центар кој летово очекува илјадници туристи, не сакаме, комарците да ја расипаат сликата и уживањето во летото во градот.
„ Деновиве треба да се распише тендерот за избор на фирма која ќе го врши запрашувањето против комарци. Се работи според тендерската документација за специјализирана фирма којашто има лиценца за извршување на оваа работа, после завршувањето на постапката ќе процениме во консултација со експертите, кога е најпогодниот момент да се изврши запрашувањето во зависност од временските прилики“ вели Илиески.
Илиевски додава дека исто така во консултација со експертите, ќе се утврди и начинот на кој ќе се спроведе прскањето, но претпоставуваат дека истото ќе се изврши со авион, бидејќи се покажало како успешно Но со ова не се согласуваат од регионалниот центар за јавно здравје. Директорот Атанаско Михаилов вели дека ова е комплициран третман, кој во никој случај не смее да се спроведе без стручен надзор. Тој објаснува дека за успешно вршење на дезинсекцијата потребни се тројца дезинсектори асанатори и еден епидемиолог.
„Не на начин на кој тоа го прави Локалната со прскање само 10мин со авион, и готово. Одговорно тврдам а и сите стручни лица, дека тоа не е соодветен начин на прскање.Можеби само да се помине на редот, меѓутоа за да имаме резултат треба да имаме сувоземно проскање, бидејќи при прскањето со авион, голем дел од територијата на градот останува непокриена“ посочува Михаилов.
Атанаско посочува дека ова е посебно важно бидејќи треба да се покријат непристапните површини, а посебно треба да се обрне внимание на мочуриштата и блатата каде овие инсекти се размножуваат. Од Регионален центар за јавно здравје предупердуваат дека прскањето мора да се спроведе што е можно побргу, додека комарците се во фаза на развој ларва. Останува да се надеваме дека ова лето ќе го минеме без мрежи, и домашни инсектициди за мирен сон.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град