Јапонците заинтересирани за Охридскиот колектор

Ќе се комплетира ли конечко колеторскиот ситем, или се ќе остане само на ветување?

 |  Маленкова Татјана  | 
колектор Пештани
kolektor Pestani

Јапонската агенција за меѓународна соработка заинтересирана да и помогне на Македонија. Веќе неколку месеци претставници од оваа агенција го скенираат регионов и собираат информации за можноста за изградба на современа депонија, но и реконструкција и довршување на колекторскиот систем на Охридското езеро.  Се остварија повеќе средби со сите надлежни структури на локално и државно ниво кои се поврзани со работата на колекторскиот систем. Преставникот на Билатеријалниот секретаријат за заштита на Охридското езеро, Дејан Паноски е категоричен дека Јапонската влада ќе ги обезбеди сите елементи на помош, стручна, техничка и финансиска и конечно колекторскиот ситем ќе биде коплетно завршен.

„Некаде во средината на јуни и официјално ќе се огласи Јапонската влада дека првата фаза на проектот за колектор Градиште Св. Наум реконструкција на колекторскиот ситем на охридско езеро и негово довршување која опфаќа обработка на физибилити студија дека ќе биди одобрена. Средината на јуни го спомнаа како рок дака ќе ја одобрат првата фаза. Според мене ова е доста брзо јас очекував тоа да биде подоцна.Но работите некогаш одат и позитивно“, вели преставникот од билатеријален секратаријат за заштита на Охридско Езеро,Дејан Паноски.

Спротивно на ова директорката на центарот за развој на Југозападен плански регион, Мирјана Лозаноска вели дека Јапонците овие неколку месеци се исклучиво во скрининг мисија. Таа додава дека премногу е рано да се каже дека Јапонската влада ќе издвои средства за довршување на колекторскиот ситем, а и ако даде зелено светло тогаш тие пари би биле заем, а не донација. Лозаноска открива и дека на Јапонската делагација при посетата на центраот им  била преставена физибилити студија за потегот од Градиште до Св. Наум, за довршување на колекторскиот ситем, која нуди 5 алтернативни решенија, документ изработен со средства од националниот буџет.

„Студијата е Изработена од извонредни македонски компании и направена според европски критериуми. На гостите им кажав дека доколку се одлучат за заем за реконструкција и довршување на колекторскиот ситем тогаш оваа студија ќе ја земат во предвид со цел да не се дуплираат исти активности бидејќи овој матријалм е со најнов датум. На почеток на оваа година оваа студија беше презентирана како финална верзија пред членовите на советот на Југозападниот плански регион. Најоптималното решение според експертите или економски најисплатлива варијанта за изградбата на тој дел би изнасувала 2 милиони евра и очекуваме овој дел да биде вклопен во тој документ кој ќе се прави доколку се реализира делот колекторки ситем кој би го помогнала Јапонската агенција за меѓународна соработка“, вели директорката на центар за развој на Југозапден плански регион, Мирјана Лозаноска.

Останува да почекаме и да го слушниот финалниот збор од Јапонската агенција за меѓународна соработка и да ги одгатниме сите дилеми. Во секој случај ова што се прави е голем напедок во сите заложби кои се прават за еколошка заштита на охридското езеро, затоа што можеби ја користиме последната шанси на оваа генерација да го обезбеди езерото од одпадните води и загадувањето.

Дека намерите на јапонците се сериозни зборува и фактот што минатата недела во нашиот град престојуваше и првиот секретар на Јапонската амбасада во Виена и почесен конзул на Јапонија во Македонија. И тој како и преставниците на Јапонската агенција за меѓународна соработка ја посети пречистителната станица во Враништа и со тоа ја покажа заинтересираноста на Јапонската влада да и помогне на Македонија. Останува отвотено прашањето дали парите кои Јапонија би ги издвоила за Македонија ќе бидат заем или донација?

Дилемата ќе ни ја откријат видните гости од Јапонија, кои во земјава повторно треба да дојдат во месец јуни.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top