Од напролет започнува изготвување на Физибилити студија со која ќе се утврди кои се најкритичните точки на колекторот.Денес јапонските преставници се сретнаа со градоначалниците на Охрид и Струга.
Ќе се рехабилитира колекторскиот систем на Охридското Езеро од македонска страна. Јапонската Агенција одобри неповратни финансиски средства и експертиза за изработка на Физибилити студија за колекторот. Работата на Студијата започнува во Април /Мај оваа година. Градоначалниците на Охрид и Струга дадоа политичка поддршка за овој многу важен проект. Ова е генерациска шанса да се обезбеди комлетна долгорочна стабилна состојба на Охридско Езеро, рече Дејан Пановски од Билатералниот секретарјат за заштита на Охридското Езеро.
Во најголем дел ќе се репарира колекторскиот систем кај постоечките цевки и пумпни станици. Треба да се утврдат приоритетните точки кои треба да се заштитат. Ќе се обидиме колку што може да не дојде до копање на улиците туку да се врши обложување на цевките од внатрешна страна, рече Паноски.
Активностите на Јапонската агенција околу рехабилитација на колекторскиот систем на Охридското Езеро започнаа веднаш по потпишувањто на договорот за соработка во областа на екологијата помеѓу Премиерите на Македонија и Јапонија. Јапонски експерти досега превзеле неколку мисии во регионот при што е изработен и Извештај за состојбата на колекторскиот систем. Македонското Министерство за животна средина и просторно планирање подготви Апликација за издвојување средства за изработка на физибилити студија кои се веќе одобрени.
Дел од овој проект е и довршување на системот. Тоа ќе значи покривање со колекторски систем на оние делови од источната и западната страна на езерото кои досега не се покриени. Овој грант не значи дека ние не треба и понатака да аплицираме за средства од други извори, изјави Паноски.
Планирано е изготвувањето на физибилити студијата да заврши до крајот на годината, а висината на грантот сеуште не е утврдена.
На денешната работна средба помеѓу градоначалникот Никола Бакрачески и јапонските експерти, Бакрачески вети дека локалната ќе ги обезбеди сите потребни документи и ќе стори се што е во нејзина надлежност за побрза реализација на овој проект со кој ќе се допринесе за заштита на живиот свет во езерото, но и за нормално функционирање на колекторскиот систем во градот и приградските средини.
Директорот на МЈП “Проаква“, Томе Паскалиев кој ќе биде координатор на проектот од македонска страна, истакна дека за Охрид и охриѓани особено е значајно да се реконструира делот од колекторот кој се однесува на секундарната, односно канализационата градска мрежа.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град