Која свадба поминала без забелешки?

„Свадбата на Фигаро“ премиерно пред охриѓани. Во рамките на фестивалот „Охридско лето“, синоќа на летната сцена Долни Сарај , Македонскиот народен театар премиерно ја изведе комедијата во режија на Леван Цуладѕе од Грузија.

 |  Лионела Јаковлева  | 
svadba na figaro
Свадбата на Фигаро

„Свадбата на Фигаро“ премиерно пред охриѓани. Во рамките на фестивалот „Охридско лето“, синоќа на летната сцена Долни Сарај , Македонскиот народен театар премиерно ја изведе комедијата во режија на Леван Цуладѕе од Грузија.

Претставата предизвика голем интерес кај публиката, но не ќе сме ние македонци ако се протече онака како што треба. Или народски „не е свадба ако нема забелешки“.

Dolni sarajПрво пред самиот почеток на премиерата на влезот се создаде непотребен метеж поради тоа што поединци на Долни сарај пристигнаа со своите автомобили. Меѓу нив секако и новопечениот директор на МНТ , Дејан Лилиќ. Одкако гледачите влегоа и се сместија кај нив се создаде впечатокот дека летната сцена на некогашниот Сарај не е најсреќниот избор за изведба на оваа драма. Луѓето задолжени за сценографијата мака мачеа со реквизитите па мораше да се направи пауза од 15-тина минути за истите да се заменат. Публиката речиси два часа мрзнеше не откажувајќи се од намерата да ја догледа комедијата до крај, за некаде половина час пред завршувањето на претставата, од преголемата бучавост која се слушаше од сите страни на градот да не може да ги слушне завршните реплики.

Инаку, секоја чест за актерската игра на Нино Леви, Сашко Коцев, Николина Кујача, Сашка Димитровска, Марија Новак, Славиша Кајевски, Драгана Костадиновска, Томе Витанов, и Кирил Поп Христов, кои уште еднаш преку актерската игра во„Свадбата на Фигаро  ја испратија најаката порака на светот -САКАЈТЕ СЕ.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top