„Дојде време охриѓани да ја слушнат вистината“. Вака денес се обрати претседателот на ОО на СДСМ Охрид Науме Јованоски. Ова произлегува како одговор на неодамнешниот прес на ОК на ВМРО – ДПМНЕ, кој беше на тема „Пропаста на охридското стопанство и главниот виновник за тоа“. Јованоски во контекс на тоа рече дека добро е познато кој ја закопа „Охридска трговија“ и кој остави на улица 2000 вработени, детето галениче на ВМРО – ДПМНЕ, Ламбе Арнаудов.
Градоначалникот Александар Петрески, како дирекно повикан од претседателот на ВМРО – ДПМНЕ Атанаско Михаилов, му порача да ги согледа фактите. Пред се Петрески тука го спомна времето на неговото директорување во ЕМО кога од плата можело да се купи и куќа и стан и да се подмират животните побарувачки.
Петрески ги повика државните инспекциски служби да ја контролираат моменталната состојба во ЕМО, и да му поднесат рапорт. Градоначалникот смета дека доколку се продолжи со вакво менаџирање како досега со ЕМО, оваа фабрика ќе дојде на питачки стап и нема да постои.
Очигледно, натегањата од типот кој колку и на каков начин го уништил охридското стопанство, на никого не му одат во прилог, најмалку на работничката класа која во дваесетгодишниот транзициски период остана на улица.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град