Кој треба да го чисти каналот „Студенчишта“?

Веќе неколку дена топката се префрла од еден на друг, а охриѓани нестрпливо чекаат на сервис.

 |  Мишел Наумоски  | 
kanal
канал

Во чија надлежност е чистењето на каналот „Студенчишта“? Ова е прашањето кое се наметна по досегашните препукувања поврзани со актуелните случувања околу снабдувањето со вода, пресушените Билјанини извори и поморот на плашицата. Пандорината кутија која ги исфрли сите зла помеѓу Охриѓани, не остави да се прашуваме кој треба да ги засука ракавите и да го исчисти каналот.
Побаравме одговор од Министерството за транспорт и врски. Во дописот кој  го испратија до нашата телевизија тие се повикуваат на член 3 и член 9 од Законот за комунални дејности  каде  комуналниот ред и мерките за негово спроведување се во надлежност на општината,  а тука влегува и одржувањето на отворени одводни канали. Ставот на Локалната за ваквото толкување на Законот е краток и јасен, каналот Студенчишта не е отворен одводен канал туку дел од самото езеро. Градоначалникот Петрески прстот го впери кон централната власт.

kanal„Каналот не е чистен сигурно 40-50 години и каналот е некаде со половина метар некаде со метар со тиња, со муљ и тој канал треба да се исчисти. Тој канал треба да го исчисти Министерството за транспорт и врски и Министерството за животна средина затоа што ние како општина тука немаме надлежност. Доколку тие ни дадат надлежност и кажат не можат тие да го направат општина Охрид на свој трошок ќе го исчисти каналот.“- вели Александар Петрески-Градоначалник на Охрид.

Тој се огради од одговорност тврдејќи дека доколку локалната започне со чистење на тињата, ќе добиеле кривична пријава за неовластено работење. Петрески побара или да му бидат дадени ингеренции како локална самоуправа или пак чистењето да го извршат посочените министерства.
Со ова не се согласува  државниот секретар  за животна средина и просторно планирање, др. Соња Лепиткова.

„Тоа има начини и решение како да се чисти. Ние бевме во процедура за набавка. Министерството за животна средина може да помогне, имавме и еден проект за тоа, меѓутоа не сме ние тоа што треба да го чистиме така да локалната самоуправа треба да преземе лична одговорност и да набави, тоа не се скапи машини, некаде околу 100 до 120 илјади евра, така да еден апел да сите такси и се она што го наплаќа локалната самоуправа која сака да развива туризам, треба да направи еден напор за да се набави. Ние колку можеме, доколку нешто недостига, како Министерство, ќе може да дофинансираме. Меѓутоа сепак активноста и иницијативноста треба да доаѓа од тука, затоа што не можеме да управуваме со таа машина.“-рече Д-р Соња Лепиткова-Државен секретар при Мининстерство за животна средина

Очигледно, секој го толкува законот онака како што му одговара. Државата сака да стопанисува, но не и да чисти, а Локалната кога веќе треба да чисти, сака и да стопанисува со езерото.
Она што е реалност, засега е само тињата во каналот „Студенчишта“ која ги доскара локалната и централната власт.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top