Кој прв ќе го изгради новиот градски пазар?

„СДСМ и градоначалникот Петрески два пати излажаа дека ќе направат нов пазар.“-велат од ВМРО-ДПМНЕ.

 |  Мишел Наумоски  | 
Atanasko Mihailov
Атанаско Михаилов

Нови обвинувања на адреса на градоначалникот Петрески и локалната самоуправа. Овој пат, наместо од партиската говорница, членовите на ВМРО-ДПМНЕ се обратија од пред градскиот пазар. Тема им беше токму охридскиот пазар за кој велат дека не е ниту нов, ниту модерен. Ги обвинија Петрески и локалната дека неколку наврати ги излажале граѓаните на Охрид, ветувајќи им нов и модерен пазар.

Atanasko Mihailov„Ова место позади нас е едно од најнесредените места кои што ги има градот Охрид. Градот Охрид ваков пазар не заслужува. 2009та година ја кажаа повторно истата лага. Пак кажаа дека 2009та година Охрид ќе добие нов, модерен луксузен пазар. Овие луѓе кои што чесно го заработуваат својот леб ќе можат летно реме да не стојат на температура од 40 степени, зимно време  да не стојат на температура од минус 15. Туку да имаат основни, елементарни, санитарни услови во кои ќе можат да работат и заработуваат парче леб.“-вели Атанаско Михаилов-Претседател на О.К на ВМРО-ДПМНЕ Охрид.

Михаилов вели: „Постојано се вадат на некакви оправдувања дека ги кочи централната власт, а сега ќе се повикуваат дека нема да им ги усвојат деталните урбанистички планови за да може да се реализира пазарот. Тие ќе треба да одговорат на едно суштествено прашање.“-додава тој.

clenovi vmro dpmne„Каде потрошија 50 милиони евра пари на граѓаните од Охрид претходните години, и од тие 50 милиони евра, ниту едно евро не искористија за капитална инвестиција. Дали не можеа од тие пари да одвојат барем еден минимален процент и да го направат овој пазар како што му доликува на градот Охрид.  Пазар во Охрид ќе се изгради, меѓутоа пазарот ќе го изгради нов градоначалник, со ново советничко мнозинство предводено од ВМРО-ДПМНЕ, партија која што своите ветувања ги остварува.“-рече Михаилов.

Михаилов додаде дека и на следните локални избори во 2013 година, СДСМ и локалната повторно ќе го дадат истото ветување за изградба на пазарот, но дека охриѓани веќе не веруваат во таквите лаги.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top