Кој ја постави контроверзната слика во Општа болница?

Сликата на која раководството на СДСМ беше прикажано во нацистичка униформа ги разбранува страстите. Општа болница-Охрид во одбрана на својот интегритет. Велат контроверзната слика е лага и конструкција која ја подметнуваат СДСМ и Локалната.

 |  Мишел Наумоски  | 
slika
слика спорна

Sasho VasileskiКонтроверзната слика која вчера се најде на огласната табла во управната зграда на Општата болница на која раководството на СДСМ беше прикажано во нацистичка униформа, ги крена на нозе раководните лица на оваа установа. На денешната прес конференција тие целосно се оградија од поставувањето на сликата. Велат дека тоа е конструкција на СДСМ и Локалната самоуправа. „Постојаното омаловажување на вработените на Општа болница и менаџерскиот тим, од СДСМ и Локалната самоуправа само покажува до кое дереџе се дојдени како политичка структура.“-рече портпаролот на Општа болница-Д-р Сашо Василески.

Портпаролот Василески додаде дека се работи за груби лаги и манипулации со цел да се дискредитира Јавната здравствена установа поради нејзиното успешно работење.

„Сакаме да ги увериме сите граѓани дека со сите сили ќе се спротиставиме на обидите на СДСМ и Локалната самоуправа и нема да дозволиме една високостручна и почитувана установа на ваков груб начин да се омаловажува. Вработените во Општата болница ќе одолеат на сите напади коишто една политичка структура ги прави врз вработените и ќе продолжат да си ја извршуваат својата работа.“-рече Сашо Василески-Портпарол на ЈЗУ Општа болница-Охрид

Меѓусебните обвинувања за поставувањето на сликата веројатно и натаму ќе продолжат. До овој момент беше релативно мирно. Но неизбежно се наметнува прашањето: Дали веќе започна изборната кампања, или уште поважно, на кои се начини таа ќе се води?

 {loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top