Кој не ја платил туристичката такса, ќе плаќа глоба

Овластените туристички инспектори согласно законските обврски ќе вршат увид во книгите за евиденција  на гости на давателите на услуги од мал обем.

 |  Голабовски Крсте  | 
turisti

Овластените туристички инспектори согласно законските обврски ќе вршат увид во книгите за евиденција  на гости на давателите на услуги од мал обем.

Увидот ќе се врши во просториите на Општинскиот инспекторат (над УНИ БАНКА поранешна зграда на ЗПП на трети спрат) секој работен ден од 09:00 до 15:00 часот.

turistiВрз основа на Законот за такса за привремен престој и измените и дополнувањата на Законот за туристичка дејност и Законот за такса за привремен престој предвидени се законски глоби доколку во одделен случај не се подмири обврската по основ на Такса за привремен престој за извршената услуга за ноќевање.

Средствата од таксата за привремен престој треба да ги уплатите на:

Назив на примачот: Трезорска сметка

Цел на дознаката: Такса за привремен престој

Сметка: 100000000063095

Приодна шифра: 717111 00

Ова известување е последна опомена пред изрекување на казнените одредби согласно законските овластувања доколку не сте ги исполниле Вашите законски обврски.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top