Стои дилемата кој стопанисува со манастирскиот комплекс Св Наум?
Генерален проблем е недостигот на стратегија. Манастирскиот комплекс може да носи пари а тоа да не е на сметка на уништување на светото.
Најсветото место за сите Македонци, манастирскиот комплекс Св Наум оставен на милост и немилост.
Гости од Хрватска, Србија, Полска денеска престојуваа во Св Наум. Тие пред нашата камера со нескриени страсти зборуваа за прекрасната местоположба на комплексот. Но, во нивните изјави не изостана и безрезервното чувство, дека преовладува недопрената природна убавина, што го нуди ова монденско место.
Манастирскиот комплекс Св Наум го нема своето заслужено место како вистинско ходочастие што во суштина е, сметат експертите по туризам. Пр Др. Зоран Тунтев, изјави дека тоа свето место ние не го заслужуваме, според начинот на кој го третираме. Тој вели дека секој посетител е сведок на големата негрижа на одговорните инстанци, кои имаат сериозен проблем во недостиг на стратегија. Пазарот е тука недостасува туристички производ
Експертите предупредуваат дека под итно треба да се реши дилемата кој стопанисува со манастирскиот комплекс, бидејќи таму секој прави по свое, продава, купува, гради и сл. Голема е негрижата за сметот кој во очи на туристите зборува за каква локална самоуправа станува збор. А несредените плажи се посебна приказна за кои до ден денес не се знае кој јаде кој пие.
Комплексот Св Наум е света земја и треба како таква да се признае. Има простор за се, велат експертите по туризам, само не треба да се мешаат религиозните моменти со желбите за туристички развој.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град