Кој е крив

Невремето и силниот ветер кое што пред една година, беше причина да летне кровот од општа боница Охрид, засега е единствениот виновник за немилиот настан кој лесно можеше да предизвика трагедија.

 |  Билјана Николовска  | 

И после една година од уривањето на кровот на Охридската болница надлежните молчат. Јавноста сеуште не знае кои беа причините, зошто настанала толку голема штета, која многу лесно можеше да предизвика трегедија. Од болницата во Охрид со велат, дека  досега нема комплетен извештај зошто дошло до овој немил настан во кој можеше да има и жртви. Јавноста сепак заслужува да знае: дали е покрената некаква постапка за причините, зошто настанала штетата и кој ја сноси одговорноста  за немилиот настан.

За овој случај утрово контактиравме со Тихомир Дурнев од секторот за урбанизам при општина Охрид. Сметаме дека Дурнев е најповикан, бидејќи во времето кога се градела кровната конструкција на болницата во Охрид, тој бил дел од независната приватна фирма која што вршела надзор над градежните зафати. Дурнев рече дека тој нема никаква врска со тој случај и одговор да побараме од полиција.
Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски, во врска со нивната одговорност за изнесување на извештај за причините поради кои дошло до паѓање на кровната конструкција во општа болница Охрид, изјави дека сеуште работат на утврдување на околностите кои ќе доведат до разјаснување на целиот случај.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top