Кој ќе ги добие седумте советници?

Битка се бие за придибивање на седумте советници кои не припаѓаат на двата најголеми политички блока.

 |  Валентина Нелоска  | 

Охридскиот совет, и по месец и половина од  конституирањето, се уште нема одржано прва седница. Од ВМРО ДПМНЕ најавуваат дека, доколку до крајот на неделата не се свика првата седница, тоа ќе го стори нивната советничка група.

За оваа најава, Борче Стефаноски се повикува на законската можност – доколку една третина од советниците побараат седница истата мора да се одржи.  
Неговото мислење не го дели новонаименуваниот советник на градоначалникот, задолжен за правни работи, администрација и координација, Владо Чингоски. Тој смета дека ваквата најава на советниците од ВМРО ДПМНЕ не држи, бидејќи во моментов во општина Охрид нема потреба од донесување на итни одлуки.

Чингоски додава дека општинската администрација веќе ги подготвува матријалите и дека првата седница на советот ќе се одржи на почетокот на месец јуни. На прашањето дали незакажувањето на седницата се должи на  политичкото пазарење за мнозинство во советот, Чингоски со одговор дека формирање на мнозинството не е пресудно за успешна работа на советот..

Во јавноста пак се вртат најразлични шпекулации повразани со одолговлекувањето на првата работна седница и дека се купува време за да се формира мнозинството во советот. Битката се бие за придобивање на 7-те  советници, кои не припаѓаат на двата најголеми политички блока. За да се придобијат советниците, се ветуваат раководни функции на одредени сектори во Локалната самоуправа, подрачните оделенија на одредени министрества, а не се исклучуваат и бизнис зделки. Во таа конотација се додава и најавената поделба на ЈП „Охридски Комуналец“ и отварањето на 4 директорски места.  Кога на ова ќе се додаде и пролонгирањето на именување на  директори  во трите јавни претпријатија, за кои конкурсот заврши пред речиси еден месец, се остава простор за ваков вид шпекулации.
Додека се случи одржувањето на првата седница на советот, од СДСМ се веќе сигурни во обезбеденото мнозинство. Неофицијлано, градоначалникот Петрески за претседавач на советот го посакува Томислав Тунтев, доктор по воздухопловен сообраќај. Неофицијално, ТВМ од свои извори дознава дека со отпочнување на работоата на новиот совет, се поизвесно е дека советничката група на СДСМ нема безрезервно да стои зад  политиката на градоначалникот Петрески туку ќе работи според програмата на СДСМ.  
За разлика од СДСМ пак, ВМРО  ДПМНЕ нема свој кандидат за претседавач на советот и упатуваат порака до СДСМ, доколку се толку сигурни во нивното мнозинство, час поскоро да ја закажат седницата.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top