Кој ги чисти плажите кои немаат концесионер?

Сеуште не е решен проблемот со чистењето и подигањето на сметот од  плажите со кои никој не стопанисува. Локалната самоуправа и годинава заедно со ЈП Охридски комуналец организираат чистење на плажите околу поголемите села и населби кои гравитираат околу Охридското езеро, но сепак помалите плажи со кои никој не стопанисува оставени неуредени.

 |  Татјана Маленкова  | 
plaza
plaza

plazaСеуште не е решен проблемот со чистењето и подигањето на сметот од  плажите со кои никој не стопанисува. Локалната самоуправа и годинава заедно со ЈП Охридски комуналец организираат чистење на плажите околу поголемите села и населби кои гравитираат околу Охридското езеро, но сепак помалите плажи со кои никој не стопанисува оставени неуредени.

„Ако централната власт стопанисува со Охридското езеро, ако капетанијата им наплаќа на бродовите прикотвени на пристеништата, тогаш е нормално дека тој што стопанисува тој треба да организира и чистење или да плати на некој што чисти да ги одржува плажите. Во законот тоа е јасно наведено дека секој правен субјект или орган според законот за Јавна чистота мора да организира чистење на јавните површини, а во овој случај при одржување на охридското езеро јасно е кој ги издава плажите под концесија“, вели првиот човет на ЈП Охридски Комуналец Сашо Алче.

Алче додава дека неодамна ЈП Охридски Комуналец  за одржување на плажите добивало по неколку милиони денари по однос на проекти. „Минатата година и ако аплициравме наменски за одржување на плажите не добивме ни денар, а пред две години  и покрај тоа што склучивме договор со министрвото за животна средина  за чистење на диви депонии, ние нашата работа ја завршивме, а сеуште средства по тој договор немаме добиено така да трошокот останаа на ЈП“, вели директорот на Комуналец. Тој потенцира дека ЈП за секоја активност изготвува фактури и дека по секоја од нив го плаќа данокот, што за ЈП претставува дополнителен трошок, доколку не ги наплатат тие фактури. „Во интерес на туризмот овие активности локалната и ЈП ги врши на сопствен трошок“, вели Алче.

Алче се жали дека сеуште има концесионери на плажи кои немаат склучено договори со ЈП Охридски комуналец за подигање на смет.

plazaПриказната иста и со хотелите и покрај тоа што годинава за разлика од изминатите соработката е подобрена. Според првиот човек на ЈП вели дека на рака се бројат хотелите кои избегнуваат да ги подмират обрските према Комуналец од минати години, поради што ЈП со овие правни субјекти води судски спорови. „Еден од условите за склучување на договор со ЈП е претходно истите да ги имаат подмирено обврските од старите договори. Тие избегнуваат да ги платат обврските па поради тоа и недоаѓаат да склучат договор“, вели Алче.  Тој додава дека без разлика на ова во интерес на туризмот ЈП вовело дежурни склужби кои го отстрануваат сметот од хотелите, плажите и автокамповите.

Според договорите на концесионерите и министрството за транспорт и врски секој закупец мора да ја одржува јаваната хигиена на плажите. Покрај ова концесионерите се должни  да склучат договор со ЈП за подигање, транспорт и депонирање на комунален отпад. Се наметнува прашањето зошто надлежните служби сеуште немаат превземено  иницијативи спрема оние правни субјекти кои ги  прекршуваат законите, дали оној за јавна хигиена или пак законот за подигање, транспорт и депонирање на комунален отпад.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top