Министерот за транспорт и врски ја расчисти дилемата- кој е надлежен да ги чисти плажите кои не се издадени под закуп.
Министерот за транспорт и врски ја расчисти дилемата- кој е надлежен да ги чисти плажите кои не се издадени под закуп.
Јавното комунално претпријатие е надлежно за одржување на комуналната хигиена на површините во рамки на општината. Ова го изјави министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, при својата недамнешна посета на Охрид. Со тоа министерот стави крај на дилемите кои се наметнуваа последните две години- кој треба да ги чисти плажите кои не се под закуп. ЈП Комуналец или министерството- во чија надлежност е крајбрежјето.
„И во центар на градот постојат површини кои се под надлежност на државата или некое министерство. Тоа значи дека нив нема да ги чисти ЈП Комуналец?Јавното претпријатие е тоа кое е должно да се грижи за комуналната хигиена на секоја површина во рамки на општината“, рече Министерот Миле Јанакиески.
Според Јанакиески, последните неколку години Локалната власт се обидувала да внесе забуна меѓу граѓаните тврдејќи дека не е во нејзина надлежност одржувањето на комуналната хигиена на делот од крајбрежјето кое не е издадено под закуп.
Имено, последните неколку туристички сезони овие површини беа прекриени со отпад. Дел од објаснувањата на Локалните власти беа дека тоа е обврска на министерството за транспорт под чија надлежност е крајбрежјето. Изминатата туристичка сезона пак, ЈП за да ги исчисти плажите ги чекаше парите од министерството кое ги добило од издавањето под закуп. На што следуваше објаснувањето на надлежното министерство- дека според тогаш актуелниот Закон за градежно земјиште, немаат таква обврска.
Со оглед на тоа дека дилемата конечно е разрешена и точно се знае чија обврска е чистењето на плажите кои не се под закуп, останува да се надеваме дека нема да се повторат сликите од минатите лета, кога плажите беа затрупани со отпад.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град