Од 39 кандидати за координатор на ВМРО-ДПМНЕ за Охрид останаа само 5.
Тие чекаат на предпоследна рунда преговори кај премиерот Груевски. Конечна одлука ќе даде Извршниот одбор на високото партиско раководство најдоцна до крај на јануари наредната година.
Селектирани 5 кандидати за координатор на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид. Гласините што провејуваат во охридската јавност дека до крај на годинава ќе има нов координатор на актуелната ВМРО-ДПМНЕ паѓаат во вода. Името на новиот челник на оваа партија ќе се знае дури на крај од јануар наредната година, дознава Тв М. Во моментов најактуелни се изборите за нов председател на општинските ограноци што се спроведуваат во Охрид и Битола. Од она што досега дознаваме, за Охрид се пријавиле вкупно 39 кандидати меѓу кои и една припадничка на понежниот пол. Овој пат кандидатите поминале потежок тест. Тричлената комисијата одлично била запознаена со нивната биографија,а најмногу се дискутирало околу визијата на кандидатите како ќе делуваат во наредниот период во општинските комитети. Комисијата е формирана од Извршниот комитет на високото партиско раководство на ВМРО-ДПМНЕ која е различна за секој град. Избраните 5 кандидати чекаат нова рунда разговори со Премиерот Никола Груевски. После направениот разговор со партискиот лидер, кандидатите ги разгледува Извршниот одбор, кој ќе ја донесе конечната одлука. Она што се знае за 5 те охридски кандидати е дека се видни личности истакнати во своите професии и се разбира членови на матичната партија.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град