• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Eдна од најстарите книги на балканот е сопственост на Националната установа библиотеката „Григор Прличев“

Eдна од најстарите книги на балканот е сопственост на Националната установа библиотеката „Григор Прличев“

Прохорпчинското изборно евангелие, една од најстарите книги на балканот е сопственост на Националната установа библиотеката „Григор Прличев“

 |  Јаковлева Лионела  | 
библиотека
biblioteka

 

Националната установа библиотеката „Григор Прличев“ располага со редок книжевен фонд. Таму можат да се најдат дела издадени од 1800година па се до 1944год. Најстарата книга е Историја книжевности од Др Јован Шеро која била објавена во далечната 1874 год. Моментално се врши ревизија на овие книги и тие не се издаваат надвор од просториите на библиотеката. Уште едно многу значајно и ретко дело е во сопственост на охридската библиотека.

Во наша сопственост е Прохорпчинското изборно евангелие, една од најстарите книги на балканот. Ова дело моментално се наоѓа на конзервација во Националната универзитетска библиотека Св. Климент охридски во Скопје. Кога ќе биде завршена постапката на конзервирање не може да се каже, но после тоа таа ќе биде депонирана во охридската библиотека, кажува Белеска.biblioteka

Директорката Белеска вели дека годинава што е на изминување е многу успешна за библиотеката „Григор Прличев“. Тие успеале да ги реализираат сите зацртани проекти, а како позначајни ги издвои комплетирањето на книжниот фонд и неговата заштита, набавувањето на периодичните изданија, добивањето на сите владини преводи. Многу значаен проект, истакнува Белеска е и извршената ревизија на библиотечниот фонд со што се добиени многу значајни сознанија за квалитетот и квантитетот на истиот. Друг значаен проект е автоматизацијата на библиотечните процеси. Во текот на целата оваа година се реализираше проектот заштита на движното културно наследство- библиотечни добра.

Буквално сите книги кои се наоѓаат во библиотеката се сместени во климатизирани простории кои ги задоволуваат сите библиотечни стандарди. Влажноста на воздухот е од 55 до 65%, а температурата од 14 до 18 степани Целзиусови. Не смее да се дозволи некое дело да се уништи поради несоодветниот начин на чување, вели Белеска.

Инаку, со неодамнешната одлука на Министерството за култура просторот каде сега е сместена Националната установа „Охридско лето“ да му се даде на охридската библиотека ќе се решат многу проблеми. Како што кажува Белеска со нивното проширување ќе се создаде простор за излагање на целокупниот книжен фонд, бидејќи сега дел од него е депониран во Центарот за култура „Григор Прличев“.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top