Кој ги уништува клупите во градов

Во стариот дел од градов речиси да нема ниту една клупа која не е оштетена. Од Локалната велат дека знаат за ваквата состојба и дека прават напори за нивна санација, но апелират граѓаните да бидат поодговорни кон овие реквизити.

 |  Јаковлева Лионела  | 
klupa
клупа

 

Настрадаа клупите во стариот дел од градот. Патниците намерници нема каде да седнат да се одморат зошто од клупите останата е само металната конструкција. На ваквиот вандалски чин посебно реагираат повозрасните бидејќи после напорното искачување по варошките стрмни улички, клупите им беа благословено место за починка.

Јас кривицата за ваквата појава прво би ја нашла во родителите, а после во децата. Многупати родителите гледаат како нивното дете прави штета и воопшто не реагираат. Значи прво треба да се развие свеста кај возрасните, вели една револтирана граѓанка.клупа

Од Локалната велат дека знаат за ваквата состојба на клупите во стариот дел од градот и додаваат дека ваква појава има и во другите делови, па дури и во централното градско подрачје. Тие веќе превземаат мерки за нивна санација.

Антиципирана е оваа состојба со повеќе клупи низ градов. Екипи од ЈП „Гробишта“ и од „Комуналец“ веќе се на терен и вршат санација. Ќе се поправаат и тротоарите, улиците и другите оштетени делови, вели Томе Џамтоски-портпаролот на Локалната самоуправа.

Џамтоски вели дека ќе се работи по должината на улицата Коста Абраш, Илинденска, ќе се поправи и клупата кај Горна Порта, но апелира до граѓаните да бидат посовесни и да не ја уништуваат урбаната опрема која впрочем се поставува за нивно добро.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top