Клуч на врата за 15 златари во Охрид и Струга

Клуч на врата за 15 златари во Охрид и Струга. Поради неиздавање на фискални сметки, златарите не само што ќе бидат затворени 15 дена, туку на истите изречени им се парични казни од 3250 евра, а исто така одземени биле 4 килограми злато од струшките златари и накит од 500 грама од охридските.

 |  Николоска Биљана  | 
zlatо
злато

zlatоПетнаесет дена клуч на врата за седум златари во Охрид, осум во Струга, а затворена е и една бетонска база. Полициски службеници, инспектори од УЈП и Републичкиот пазарен инспекторат, во текот на вчерашниот ден извршиле контрола на овие правни субјекти и констатирале низа прекршоци по Законот за регистрирање на готовински плаќања, Законот за платен промет и Законот за трговија.

„Во рамките на акцијата, на деловните субјекти поради неиздавање на фискални сметки изречени им се парични глоби во висина од 3250 евра како и затрварање на деловниот субјект од 15 дена. Инаку на одговорното лице на правниот субјект за бетонска база во Охрид покрај оваа казна изречена му е парична казна од 750 евра“ – изјави портпаролот на СВР, Стефан Димовски.

Тој нагласи дека секаде каде што има нелегални активности и непочитување на законскта легислатива во земјава, СВР самостојно, но и во содејство со останатите субјекти како што се УЈП, пазарната инспекција и со другите релевантни институции ќе продолжи во сузбивањето на сите видови криминал.

{loadposition conent9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top