Клириншките куќи од Европа, на конференција во Охрид

Развојот на интербанкарските системи, ефикасноста на платните системи, нивното значење за монетарната политика и финансиската стабилност, само некои од темите за кои ќе се разговара на оваа конференција.

 |  Крсте Голабоски  | 
bankari
bankari

bankari

Исклучително значајна конференција на клириншките куќи  од Централна и Источна Европа во Македонија. Теми за кои најмногу ќе се дискутира на конференцијата се влијанието на новите технологии кои водат кон подобрување на постојните и воведување на новите производи во платните системи, од локално па се до глобално ниво, значењето на платните системи и нивната ефикасноста за монетарната политика и финансиската стабилност на земјата и друго. Во врска со влијанието на новите технологии во банкарството и нивната употреба, првиот човек на НБРМ Димитар Богов истакна дека нашите банки ги следат светските трендови.

bankari„Македонските банки ги следат најновите трендови во светот, во технологијата. НБРМ исто така игра значајна улога со тоа што пропишува виоски стандарди кои банките мора да ги задоволат. Од една страна тоа е трошок за банките, но е неопходна за сигурноста и за ефикасноста на системите кои ги имаат банките“, потенцира Богов.

На 16-та Меѓународна конференција на Клириншки институции предавачи се водечки лица од платежните институции, регулаторни тела, централните банки и банкарската индустрија. Домаќин на годинешната конференција е Клириншката куќа КИБС – Клириншки Интербанкарски Системи АД Скопје.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top