Ќе се утврдува староста на водата на Охридското Езеро

Хидробиолошкиот завод од Охрид во соработка со  Институтот за нуклеарни истражувања од Дебрецен-Унгаријаќе ќе реализираат проект кој треба да покаже колку се здржува водата во нашето езеро. Ќе бидат земени стотина мостри од водата, а првичните резултати се очекуваат на крајот од годината.

 |   | 

Хидробиолошкиот завод од Охрид и Институтот за нуклеарни истражувања од Дебрецен-Унгарија, најавија заеднички истражувања на Охридското Езеро со цел утврдување на составот и староста на водата со примена на различни изотопски методи.

„Овогодишното истражување на Охридското Езеро со цел да се утврдат дистрибуцијата и староста на водата, односно времето на задржувањето во Охридското Езеро и за тоа се користат софистицирани изотопски методи. Овогодишните истражувања на Охридското Езеро, ќе траат до 16 јули и опфаќаат собирање мостри од вода на повеќе локации од езерото и на различни длабочини“ вели Д-р. Елизабета Сарафилоска директор НУ Хидробиолошки институт – Охрид.

За овие истражувања ќе биде целосно користена опремата и пловилото кое ги поседува Хидровиолошкиот завод најави Сарафилоска . Потоа следат лабораториски анализи кои ќе се вршат во Центарот за изотопска климатологија и проучување на животната средина на Институтот за нуклеарни проучувања при Унгарската академија на науки.

„Има претходни претпоставки и констатации врз база на претходните истражувања кои се направени, но сега за прв пат се прави со примена на изотопоски методи, меѓутоа ќе се добијат и други информации за различни параметри на водата. Примарната цел е да се утврди строста на водата“ објаснува Д-р. Маријан Темовски-  Институтот за нуклеарни истражувања од Дебрецен-Унгарија.

Темовки потенцира дека резултатие од испитувањата се очекуваат кон крајот на огидната, најдоцна на почетокот на наредната година. Раководителот на центарот за изотопска климатологија и истражување на животната средина од Дебрецен-Унгарија,  Ласло Палчу истакна дека ова истражување е заложба на Д-р Темовски.

„Во наредните десет дена во соработка со  Хидробиолошки институт – Охрид и коиртејќи ги нивните ресурси ние ќе земем мостри од водата на Охридско Езеро, планираме да земеме најмалку 100 мостри и врз анализите на тие мостри сакаме да ја утврдиме староста на водата“ потенцира Ласло Палчу – Раководител на центарот за изотопска климатологија и истражување на животната средина од Дебрецен-Унгарија.

На денешниот почеток на заедничките истражувања, присуствуваше и Неговата Екселенција, Амбасадорот на Република Унгарија во Република Македонија, Д-р Ласло Иштван Дукс.

„Се надевам дека во рамките на овој проект ќе се добијат резултати со кои подобро ќе се согледаат физичките и биолошките својства на водата и воопшто квалитетот како и за импликациите схто тоа ќе ги има врз туризмот и туристичките можности на градот“ се надева Д-р Ласло Иштван Дукс – Амбасадорот на Република Унгарија во Република Македонија.

Заедничката сорботка меѓу двата институти, вклучува и дупчење на седиментите од глацијалните езера на Јабланица и Пелистер и анализа на нивните геохемиски карактеристики со цел палеоклиматски реконструкции, чиј теренски дел ќе се започне кон крајот на јули. Инаку, Хидробиолошкиот завод од Охрид и Институтот за нуклеарни истражувања од Дебрецен-Унгарија, минатата година склучија меморандум за зголемена меѓусебна соработка, размена на искуства и учество на заеднички научноистражувачки проекти.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top