Охридските сметководители денес имаа можност да го дадат своето мислење за утврдување на минимум надомест за вршење на сметководствени услуги односно доаѓање до цена за еден час труд, вршејќи ја својата работа.
Денес во големата сала на општина Охрид се оддржа јавна расправа на сметководителите и корисниците на книговодствените услуги. Целта беше подобрување на квалитетот на предлог-тарифникот со кој би требало да се утврди минималниот надомест за месечните трошоци за книговодствени услуги. Од Институтот на сметководители и овластени сметководители, понудија предлози во врска со критериумите за утврдување на цената на сметководствените услуги. Претседателката на ИСОС, Ленче Папазовска, вели дека тоа би значело создавање на услови за подобрување на квалитетот на книговодствените услуги но и постигнување на реално вреднување на трудот на сметководителите.
„Колегите сметководители се жалеа на нелојална конкуренција, незаштитеност, едноставно не беа заштитени од никого и често пати доаѓаше до уривање на цената од сметководители кои што вршеа сметководствени работи но работејќи друга работа. Со овој закон очекуваме барем во најголем дел да бидат оние сметководители кои што решиле професионално да си ја вршат својата работа ќе ја вршат таа работа а не и друга“.
Папазовска вели дека сеуште не била конкретизирана цена за час сметководствена услуга, но дека имале некои суми кои првично биле предложени на некоја од досега 15 те одржани работилници во различни градови од земјава.
„Расправата покажа дека голем дел од сметководителите се онаа консултативна услуга, тие укажуваат на 30 до 50 евра за час, што тоа не значи дека цената би била таква за аутсорсинг односно за вршење на услуга месечна, затоа што на расправиите било укажувано дека најниската цена би се движела околу 2000 денари, се работи за субјекти кои што немаат никаква дејност, кои немаат вработен“
Првиот официјален регистар на лиценцирани сметководители брои 2743 и истиот бил доставен петокот, 7 ми април, открива Папазоска. Таа смета дека во земјава имаме доволен број сметководители кои можат да ги задоволат потребите за сите правни субјекти кои се занимаваат со стопанска дејност кои, а во земјава ги има околу 78 000.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град