Ќе се спроведе вонредна програма за пошумување на опожарените површини

Владата на Македонија на 109-та редовна седница ја разгледа и усвои информацијата за состојбата со шумските пожари на територијата на цела држава, со пресек од 2019 до 15.08.2021 година.

 |  Голабовски Крсте  | 

Владата на Македонија на 109-та редовна седница ја разгледа и усвои информацијата за состојбата со шумските пожари на територијата на цела држава, со пресек од 2019 до 15.08.2021 година.

Врз основа на податоците од информацијата за опожарените површини, а со цел да се санираат штетите согласно редовната и вонредната програма за пошумување на ЈП „Национални шуми“, Владата му препорача на Министерството за финансии да ги разгледа можностите за алоцирање средства во висина до 421, 2 милиони денари согласно проценката за висината на штетата за целосна реализација на програмата за пошумување.

Дополнително, Владата му препорача на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи, во координација со Министерството за финансии, Секретаријатот за европски прашања и ЈП „Национални шуми“, да ги разгледаат можностите за утврдување извори за финансиски средства од фондовите на ЕУ и од програмите за климатски промени на Светска банка за набавка на комплетна современа опрема, вклучително и специјални теренски возила, за справување со пожари и други природни катастрофи во согласност со предвидените реформи на системот за заштита и спасување.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top