Градоначалникот на општина Охрид, Кирил Пецаков по номинациите добиени од Министерството за образование и наука и СОНК, донесе решение за формирање на општинска комисија за утврдување на исполнетоста на условите за трансформација на работниот однос на вработените во образовните институции на подрачјето на општина Охрид.

Со ова се надминува застојот во работата на оваа комисија кој беше предизвикан од истекот на нејзиниот мандат. Сега на овој процес ќе му се даде дополнителна динамика.
Задоволен наставен кадар со решен работен статус е најдобра гаранција и дополнителен поттик за успешен образовен процес што претставува стратешка цел и определба на Општина Охрид.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град