На седницата одржана на ден 14.12.2021 година Владата ја донесе одлуката за доделување на средства за финансирање на проекти на планските региони.
На седницата одржана на ден 14.12.2021 година Владата ја донесе одлуката за доделување на средства за финансирање на проекти на планските региони.
Со одлуката во рамките на проектот: “ Подобрена енергетска ефикасност во јавните објекти во Југозападниот плански регион” одобрени се 3.500.000 денари за подпроектот: “Реконструкција на Задружниот дом во село Требеништа / втора фаза”.
Со одобрените средства целосно ќе биде завршена реконструкцијата на објектот ( приземје и кат и внатрешен и надворешен дел ), без големата сала.По реконструкцијата приземјето ќе се користи како деловен простор, а катот ќе биде адаптиран во изложбен центар на археолошкото наследство на општината.Подпроектот ќе се имплементира преку Центарот за развој на Југозападниот плански регион и се очекува да започне во првиот квартал од 2022 година.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град