Деновиве ќе започне реконструкцијата на кружниот тек на пресекот на улиците „Јане Сандански“ и „Питу Гули“. Завршена е тендерската постапка, склучен е и договорот со изведувачот, се чека само да се подобрат временските услови.
Ќе се реконструира кружниот тек на пресекот на улиците „Јане Сандански“ и „Питу Гули“. По направените сондажи од страна на стручни лица од Одделението за комунален развој, сообраќај и патишта било констатирано дека овај кружен тек кој е поставен на една многу фреквентна крстосница, има оштетувања и некои недостатоци па неопходно е да се реконструира. Најпрво се планирало само да се направат некои помали зафати, но состојбата на терен покажала дека неопходна е целосна реконструкција.
Завршена е тендерската постапка, склучен е договорот со изведувачот за реконструкција на кружниот тек „Јане Сандански“- „Питу Гули“. Планираме од наредната недела да започне реконструкцијата на таа крстосница, Томе Нанески- Одделение за комунален развој, сообраќај и патишта.
Од Одделението за комунален развој, сообраќај и патишта велат дека најважно од се е безбедноста на возачите и пешаците. Кружните текови иако во почетокот беа многу оспорувани се покажаа како добро ссобраќајно решение, посебно во летните месеци кога има поголема фреквенција на сообраќај. Пролетва планирано е да се интервенира на повеќе сообраќајници низ градов, кружните текови каде што има потреба да се доуредат и да се санираат сите оштетувања на коловозите.
Приоритет ќе биде централното градско подрачје каде што има оштетувања, главните сообраќајници па потоа ќе продолжиме и на периферијата, рече Нанески.
Инаку кружниот тек кој е на пресекот на улиците „Јане Сандански“ и „Питу Гули“ е првиот кој беше направен во градов уште во времето кога градоначалник беше Александар Петрески. Од тогаш па наваму не се вршени никакви интервенции.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град