Ќе се реконструира кејот во Охрид

Познатото градско шеталиште ќе има автентичен лик и ќе се вклопува во изгледот на Охрид.

 |  Голабовски Крсте  | 
kej

Познатото градско шеталиште ќе има автентичен лик и ќе се вклопува во изгледот на Охрид.

Откако општинската комисија ги  отфрли понудите идејни решенија на надворешни архитекти затоа што тие беа мегаломански со масивни  платформи во вода, идејниот проект за реконструкција  на кејот го изработуваат општинските стручни служби .
  
кеј– При изработката на проектот посебно се внимава да не се нарушува природниот еко систем на Охридското Езеро. Со охридскиот кеј не смее да се експериментира и истиот мора да ги задоволува стандардите и барањата на експертите. Во овој момент можам да кажам дека се уште  во тек е  изработката на идејниот и основниот проект и после негово  завршување од што ќе произлезе и цената на таквото идејно решение  ќе излеземе со конкретни податоци за тоа кога ќе пристапиме кон градежни активности за реконструкција на охридскиот кеј, вели градоначалникот Никола  Бакрачески.

Според записите на охридските хроничари, дел од гратскиот кеј е изграден во далечната 1928 година, а низ годините полека се доградувал се до 1941 година кога бил и хортикултурно уреден. Охридското шеталиште својот лик го добил во 50-тите години кога бил целосно изграденКејот до сега во неколку наврати е саниран на места каде што се појавиле оштетувања. Според последните направени детални анализи на стручњаците постои опасност од поголеми оштетувања и затоа е неопходно кејот да се реконструира.

-По анализите кои што ги направија некои стручни служби се покажа дека статиката на кејот е доста нарушена изминативе години и дека на делови  од фронтот доаѓа до попуштање и  има значителни оштетувања, кои што во иднина би претставувале и опасност за минувачите, објасни градоначалникот Бакрачески.

Реконструираниот охридски кеј ќе ја збогати туристичката разгледница на градов и ќе биде привлечно место за прошетка за охриѓани но и бројните гости од земјава и странство.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top