Со пари од ЕЛЕМ ќе се градат две катни гаражи и конгресен центар во Охрид. За едната катна гаража веќе е објавен и конкурс за избор на идејно решение. МЕПСО пак ќе инвестира во марината и пешачката патека од пристаништето до Канео.
Со средства од ЕЛЕМ ќе се гради катна гаража кај Центарот за култура „Григор Прличев“. Државната компанија објави конкурс за избор на идејно решение, а архитектонските трудови треба да се достават најдоцна до 6 мај. За изгледот на катната гаража ќе одлучува посебна жири – комисија оформена од ЕЛЕМ.Проценките се дека катната гаража ќе почне да се гради во втората половина од оваа година, или пак во текот на 2017 година.
Не се работи за специјална катна гаража туку се работи целосно нов комплекс односно изградна на нов Центар за култура на местото каде што е постојниот. Катната гаража ќе биде во негов склоп и во неговите рамки, вели Томе Џамтоски-портпарол на Локална самоуправа.
Планирано е да се гради уште една катна гаража во која ќе инвестира Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор од интерес на Република Македонија.
Таа катна гаража ќе биде на потегот кај СРЦ „Билјанини извори“ и со тоа ќе се заокружи спортско – рекреативниот центар којшто ќе биде со сите содржини кои што се предвидени, велат од Локалната. Со градба на оваа катна гаража треба да се започне во втора половина на 2016 година. Во завршна фаза е и урбанистичко планската документација за изградба на Конгресниот центар кој ќе биде лоциран во населба Далјан или на просторот помеѓу сегашниот станбен комплекс и постоечкиот хотел „Даљан“. Финансиската конструкција за реализација и на овој проектот ќе биде на ЕЛЕМ . Почетокот на градежните активности би требале да бидат во првата половина на 2017 година.
Тој конгресен центар треба да има една голема сала или главна арена во која би се одвивале големите конгресни активности со капацитет од 1 500 до 2 000 седишта и 4 до 6 помали сали со капацитет за 200 лица. Сe работи за современ конгресен центар кој ќе ги задоволи потребите на Охрид како туристички центар, објаснува Џамтоски.
МЕПСО пак ќе инвестира во марината и пешачката патека од пристаништето до Канео, информираат од Локалната.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град