Според градоначалникот на Дебрца, Игор Трајкоски, визбите ќе значат многу за целиот регион, и за развој на туризмот, но и за развој на земјоделието.
Ќе се градат винарии на три парцели неизградено градежно земјиште во непосредна близина на Мешеишта. Градоначалникот на општина Дебрца, Игор Трајкоски, смета дека овие парцели ја добиваат вистинската намена особено поради фактот што токму во овој дел на општина Дебрца и тоа како успева виновата лоза.
„Се работи за винарски визби кои што ќе значат многу, не само за општина Дебрца, туку и за целиот регион, за развој на туризмот пред се, меѓутоа и развој на земјоделието. Според проектната документација треба да се изградат винарски визби кои што ќе можат да нудат и угостителски услуги, така да на таа локација ќе се пласираат и други производи од земјоделие и угостителство.“-вели градоначалникот Трајкоски.
Трајкоски очекува голем интерес за изградба на винариите, бидејќи според него, самото тоа ќе значи и сигурен пласман на грозјето од овој регион. Додава дека покрај постоечките ќе се подигаат и нови лозови насади во насока на реализирање на оваа идеја. Инаку градежните парцели се со големина од 2186 m2, 2437m2 и 2644 m2.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град