Ќе се доусовршуваат и професорите од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“

Професори од електро машинскиот училишен центар практично ќе ги усовршуваат своите знаења за новите технологии со цел поуспешно да ги пренесат на учениците. Проектот ќе се реализира во следните 6 месеци како соработка помеѓу стручното училиште Свети Наум Охридски, компанијата Костал, Швајцарската амбасада во земјава и општина Охрид. Целта е да се продуцира високо квалификуван кадар кој веднаш ќе може да се вклучи на пазарот на труд или да го продолжи образованието во струката.

 |  Соња Рилковска  | 

Не само учениците, ќе се доусовршуваат и професорите од средното стручно училиште ОЕМУЦ Свети Наум Охридски. Покрај учениците кои следат теоретска настава во школото, а практична настава во компанијата Костал,  се увиде потреба од дообука и на професорите.
14 професори во период од 6 месеци активно  ќе ги доусовршуваат своите знаења за новите технологии, кои во иднина ќе ги пренесуваат на учениците.

„Кај нас во компанијата каде што ќе можат  да ги подобрат своите знаења и вештини, да ги видат сите технолошко напредни процеси низ кои што идните студенти од ова средно училиште ќе бидат вклучени кај нас без разлика дали се од електро или машински струки на подобар начин да можат  на сите ученици да им ги пренесат сите вештини и знаења  за да може да имаме поквалификуван, поедуциран кадар кој потоа по завршување на нивното образование дали ќе работат кај нас или ќе го продолжат своето образование“, вели Виктор Мизо директор на компанијата Костал во Охрид.

„Приватниот сектор ја има кулчната улога  тие  знат подобро од самите училишта какви вештини треба да имаат учениците за да бидат конкурентни на пазарот на трудот, а со тоа  полесно и побрзо да најдат работно место“, вели амбасдорката на Швајцарија Сибил Зутер Техада.
Општина Охрид продолжува со  поддршката  на создавање на стручен кадар за потребите на странските инвеститори, истакна градоначалникот Константин Георгиески.

Општина Охрид е подготвена да даде поддршка на вакви иницијативи и да стимулира ваков вид на соработка. Страмските инвестиции во нашиот регион како што е фабриката Костал ја наметнаа потребата од стручен кадар за креирање на  образовен систем кој ќе продуцира обучени  работници што може да се вклопат во процесот на нивното производство. Во таа насока и ситемот на дуално образование кој успешно функционира во ова стручно училиште“, вели Константин Георгиески.

„Се работи за напредни производствени технологии за вградување во хибридни возила и всушност во проектот професорите и учениците  ќе го изучат цел процес на изработка  на овие делови и принципот на нивната работа. Со компаниите Костал и ОДВ нашата соработка започна интензивно уште пред три години“ , вели директорот на ОЕМУЦ

Речиси три години во стручното средно училиште има дуално образование теорија и пракса во фабриките на Костал и ОДВ. Овој проект во кој ќе се обучуваат професорите  ќе се реализира во соработка помеѓу компанијата Костал, Шварцаската амбасада во земјава, стручното учичиште Свети Наум Охридски и општина Охрид.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top