Ќе го оспори ли СДСМ договорот за изградба на автобуска станица во Охрид?

Охридските социјалдемократи детално го анализираат купопродажниот договор на локалната со „Делфина Турс“ за изградба на автобуска станица и ги разгледуваат можностите за оспорување на истиот.

 |  Голабовски Крсте  | 
avtobuska

Охридските социјалдемократи детално го анализираат купопродажниот договор на локалната со „Делфина Турс“ за изградба на автобуска станица и ги разгледуваат можностите за оспорување на истиот.

avtobuskaИзградбата на современата автобуска станица, повторно жешка тема. Советниците на СДСМ од Охрид имаат намера да го оспорат купопродажниот договор потпишан помеѓу локалната и „Делфина Турс“. Советничката Жаклина Лазареска побара одговор од локалната одговор за тоа кој е трајниот бенефит и што останува во трајна сопственост на градот Охрид и кога ќе биде завршена автобуската станица.

„Ние многу сериозно пристапивме кон разгледување на тој договор и дека го анализираме и во догледно време од оваа говорница на граѓаните им давам ветување дека во оној момент кога ќе процениме дека сме нашле и дека правосудните органи ќе бидат не политички диктирани туку ќе одговараат според одредени факти ќе го оспориме овој договор“ вели Лазареска..

avtobuskaГрадоначалникот Никола Бакрачески со одговор дека граѓаните нема да почувствуваат незаконитост, криминално и коруптивно работење на оваа локална самоуправа. Условите зададени во огласот за продажба на земјиштето биле многу пати јавно истакнати а целата постапка била транспарентна и регуларна.

„Гледам дека имаме некој нов тренд кај опозиционото мнозинство да се бараат работи кои не постојат и веројатно е општ тренд и претпоставувам и директива повеќе од колку што е индивидуална желба“ објасни Бакрачески.

Според договорот инвеститорот има обврска да обезбеди одобрение за градба во рок не подолг од една година, а во период од две до четири години ќе треба комплетно да го реализира проектот. Инаку советниците од опозицијата уште кога се носеше одлуката за изградба на трите капитални објекти во Охрид, нагласија дека не се против изградбта на автобуската, домот за стари лица и пазарот кои се од суштинско значење за градот, туку на начинот на кој тоа се прави, со отуѓување односно со продажба на земјиштето.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top