Кинезите сакаат да ја посетат Македонија, посебно Скопје и Охрид, но имаат проблем со визите. Агенциите во државава кои се занимаваат со рецептивен туризам се залагаат преку надлежните институции да го решат овој проблем. Доколку се спуштата визите тогаш бројот на азиски гости многу ќе се зголеми, а и ќе се продолжи и туристичката сезона.
Азијските гости го одбегнуваат Охрид и Македонија иако се заинтересирани да ги видат убавините на нашата земја и град. Проблемот е што државава не ги има спуштено Шенгенските визи како што тоа го направија земјите од опкружувањево. Азијците, посебно кинезите се едни од најбројните туристи во регионов затоа Босна, Србија, Црна гора и Албанија ги спуштија визите. Се прават напори тоа да го направи и Македонија.
Ние веќе разговаравме со некои надлежни установи во Македонија за да ни помогнат да ги спуштиме визите и да допринасиме за туристичкиот сектор. Се надеваме дека ќе ни излезат во пресрет, а со тоа бројот на туристите од овој континент драстично ќе се сголеми, вели Филип Стефаноски, директор на Т.А. BSC BALKANS.
Стефаноски вели дека агенциите во државава кои се занимаваат со рецептивен туризам доколку се поупорни и се заложат заеднички, ќе го решат ова прашање. Инаку, кинезите сега доаѓаат во Скопје и Охрид преку кружните тури со кои го посетуваат регионов. Тие се воодушевени од културата и историјата на нашата земја.
Кинеските гости се заинтересирани за културно-историските споменици во нашата земја. Тие се така наречени „фотограф туристиз“. Многу сликаат а преку нивните фотографии ги споделуваат своите искуства кога ќе се вратат дома. Затоа ние мора да изнајдиме начин како тие знаменитости да им ги направиме уште поинтересни и подостапни за да не рекламираат кај други туристи, а и тие пак да не посетат, објаснува Стефаноски.
Кинезите се туристи кои доаѓаат во текот на цела година. Тие не го преферираат сезоналниот карактер на туризмот. Напротив најмногу патуваат во месеците ноември, декември, јануари, февруари и март. Со нив би се продолжила туристичката сезона во градов и би имале гости во текот на цела година. Бараат добар квалитет на хотелското сместување поради што во иднина треба да се поработи на уредување на хотелските капацитети, а и сакаат добра услуга.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град