Кинезите пристигнаа

Делегација на кинескиот град Далиан, денес го посети Охрид. Оваа посета е резултат на посетата на  градоначалникот Петрески, кој пред неколку години присуствуваше на Конференцијата на градовите збратимени со Далиан.

 |  Крсте Голабовски  | 
Kineska delegacija
Кинеска делегација

Kineska delegacijaДелегација на кинескиот град Далиан, денес го посети Охрид. Оваа посета е резултат на посетата на  градоначалникот Петрески, кој пред неколку години присуствуваше на Конференцијата на градовите збратимени со Далиан. Петрески убеден дека брзиот стопански развој кој Далиан и цела Кина го направи, ќе можеме и ние да го направиме овде, во Охрид, со помош на збратимениот кинески град.

„Во целокупното стопанство, тргнувајќи од туризмот каде што како што кажав доволно е администрацијата на Далиан да не посети и сите капацитети да ги пополни. Покрај туризмот разговаравме и за градежништвото и хотелиерството а ќе им спремам и комплетна слика на охридското стопанство“ изјави Петрески.

Петрески потенцира дека има намера, претставниците на делегацијата да ги запознае со капацитетите со кои охридското стопанство располага, како и со тоа, во каква состојба се наоѓаат охридските фабрики. Градоначалникот на Охрид додаде дека ова е убава можност за остварување на бизнис контакти помеѓу двете заедници, како и можност за инвестирање во нашите стопански капацитети, кои на кинезите би им послужиле како портал кон Европскиот пазар, поради договорите кои Охрид и Македонија ги има потпишано со ЕУ. Претседателот на народниот конгрес на Далиан, Хуаи Зонгман со малку поумерен ентузијазам во очекувањата.

„Дојдовме да ја подобриме соработката меѓу Далиан и Охрид и секако дека нашата посета ќе ја искористиме за испитување на можностите за инвестирање.“

Претставниците на високата делегацијата воодушевени од  туристичката понуда, културно-историското наследство, како и природното богатство на нашиов град, како и убавините на Охридското езеро. Покрај  Претседателот и Заменик генералниот секретар на конгресот на Далиан, делегацијата од Н.Р Кина, која денес го посети Охрид, ја сочинуваа и Заменик генералниот директор на областа, Заменик генералниот директор на канцеларијата за надворешни работи на Далиан, Директорот на Здружението на кинескиот народ за пријателство  и Претседателот на Франхуа Групацијата.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top