кинескиот амбасадор во Македонија го посети Градоначалникот

Градоначалникот Никола Бакрачески, денеска прими кинеска делегација предводена од Амбасадорот на Република Кина во Република Македонија,

 |  Јаковлева Лионела  | 
sredba
средба

Градоначалникот Никола Бакрачески, денеска прими кинеска делегација предводена од Амбасадорот на Република Кина во Република Македонија, Цуј Џивеи чиј мандат истекува во месец мај годинава.кинески амбасадор
Градоначалникот Бакрачески се заблагодари за сите заложби и активности , што Амбасадорот Џивеи ги направил за доброто на Република Македонија но и за градот Охрид, посебно истакнувајќи ги неговите заложби за реализација на проектот што се однесува на изградба на автопатот од Кичево до Охрид, а кој е особено значаен за туристичкиот и стопански развој на градов. Амбасадорот Цуј Џивеи пак рече дека Охрид е еден од најубавите градови што некогаш ги видел и дека со изградбата на автопатот и воспоставувањето на директните авионски линии верува дека ќе има значително туристичко заживување на градов. Тој подвлече дека Кина високо ја цени позитивната улога на Македонија во регионов и дека добрата соработка меѓу двете земји продолжува и во иднина.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top