Со сеуште свежи сеќавања од посетата на Кина, од пред околу 5 години, градоначалникот на Охрид Александар Петрески, ја најави посетата на високата делегација од градот Далиан. Придружуван од тогашниот претседател на Советот на општината Владо Чинго и Венко Шапкар, Петрески со воодушевување ги пренесе своите импресии за ова специфично место. Но и во оваа пригода не испушти да ја искритикува актуелната власт на ВМРО – ДПМНЕ, која не го поканила минатата година, при посетата во Кина.
Постојат реални изгледи збратимувањето со кинескиот град Далиан да резултира со епилог, Кина преку Охрид да влезе во македонскиот пазар и тоа на најдобар можен начин, потенцира градоначалникот Петрески.
Петрески, гостите од Далиан планира да ги запознае со потенцијалите на Охрид, пред се во туризмот како и со ретките убавини, за кои кинезите знаеле само од ДВД. Петрески добро ги протри рацете при помислата доколку далианската администрација го посети Охрид.
Според податоците што ги презентираше градоначалникот Петрески, Далијан е град стар околу 100 години кој брои околу седум милиони жители. Се работи за град со високо развиена индустрија која претставува врв во светот и каде се произведуваат авиони, бродови, подморници, експресни возови и друго, додава Петрески.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град