• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Кичеец : Слушаме само ветувања, а никаква одговорност од двете партии кои 30 години се менуваат на власт

Кичеец : Слушаме само ветувања, а никаква одговорност од двете партии кои 30 години се менуваат на власт

По десет дена од почетокот на изборната кампања се слушаат само ветувања, а никаква одговорност од двете политички партии кои триесет години се менуваат на власт, истакнаа на прес конференција од независната советничка листа „Охрид пред се“. Јавно не се извинија за нереализираните претходни големи ветувања. Во идниот Совет на општина Охрид на поддршка може да сметаат само оние кои го почитуваат својот народ и својот јавно даден збор, порачаа од „Охрид пред се“.

 |   | 

Од почетокот на кампањата за локалните избори се слушаат само ветувања, а никаква одговорност од двете политички партии кои триесет години се менуваат на власт, истакна на прес конференција Леона Кичеец кандидатка за советник од независната листа „Охрид пред се“. Ние, како нов и независен политички субјект, на самиот почеток истакнавме дека една од нашите примарни задачи во идниот Совет на општина Охрид ќе биде да ја потсетуваме власта на нејзините нереализирани капитални ветувања за Охрид, посочи Кичеец.  

Во февруари 2014 година ВМРО вети дека до крајот на 2018 година ќе биде готов автопатот Кичево-Охрид (лага); Во март 2018 година СДСМ вети дека овој автопат ќе биде готов до јуни 2021 година (лага); Во ноември 2015 година ВМРО вети дека затворениот пливачки базен во Охрид ќе биде готов во 2018 година (лага);  Во декември 2019 година СДСМ вети дека базенот ќе биде готов до крајот на 2020 година (лага); Во септември 2016 година ВМРО вети дека во рамки на Центарот за култура, најдоцна до крајот на 2018 година, ќе изгради концертна сала (лага) – потенцираше Кичеец.

Само ако малку ги почитуваа своите сограѓани, пред да почнат со историското, празното и баналното „ЌЕ“ требаше јавно да се извинат за претходните големи нивни ветувања, кои за жал останаа нереализирани, кажа Кичеец.

Почитувани политички противници од „големите“ партии, ако ова и уште многу други вакви и слични празни ветувања за вас е чесна и честита политика и однос кон своите сограѓани, за нас, не е ништо друго, освен бескруполозно лажење и макијавелистичка борба по секоја цена да се дојде на власт – додаде Кичеец на денешната прес конференција.

На наша соработка во идниот Совет на општина Охрид можат да сметаат само оние кои го почитуваат својот народ и својот јавно даден збор. Гласот даден за советничката листа „Охрид пред се“ значи глас за сите оние на кои Охрид им е во срцето, порачаа кандидатите од советничката листа „Охрид пред се“.

 

 

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top