Специјалните возила немаат пристап на Кеј „Македонија“

Кеј „Македонија“ блокиран за специјалните возила. Тие немаат од ниту една страна немат пристап до хотелите, рестораните и индивидуалните куќи кои се наоѓаат на потегот од Хотел Палас до кафулето Дак. Граѓаните бараат Локалната час поскоро да изнајде ново сообраќајно решение како кејот во секое време би бил отворен за возилата на противпожарната единица и на итната медицинска помош.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Специјалните возила на противпожарната единица и комбињата на брзата помош немаат пристап на Кеј „Македонија“. Со новиот летен режим на сообраќај оваа сообраќајница од двете страни е затворена со физички препреки, од едната страна рампа, а од другата жардињери. На овој потег се хотелите Ривиера, ресторанот Белведере, ланч барот Објектив,  неколку индивидуални куќи. Недај боже да се случи пожар или пак да имаат потреба од итна медицинска помош, возилата не ќе можат да стигнат до таму. Од локалната признаваат дека ова е проблем и ветуваат дека ќе најдат начин да го решат.

Размислуваме овие физички бариери да бидат заменети со некои поподвижни кои самите корисници на возилата ќе можат да ги отстранат и непречено да ја обавуваат својата дејност, вели  Љупчо Танески од Фондот за комунален развој.

Од охридската противпожарна единица кажуваат дека за нив црна точка е и пристапот  кон малиот плоштад поради поставената бина, а нивните возила тешко се пробиваат и на ул. „Коста Абраш“ каде секогаш се создава тесно грло поради неправилно паркираните возила. Ова ни го потврдија и од итната медицинска помош. Од таму велат дека во ретки случаи можат да ги користат комбињата бидејќи низ градов на многу места наидуваат на бариери или погрешно паркирани возила па нема простор да се помине. Особено им е проблем кога треба да интервенираат во стариот дел од градот. Таму најчесто ако има повик одат со помалите коли во кои пак ги нема сите оние апарати како во специјалните комбиња. Локалната носејќи го новиот режим на сообраќај по се изгледа не ги зела во предвид овие реални проблеми со кои се соочуваат специјалните службите и граѓаните, велат охриѓани. Танески пак објаснува дека минатите години пробале бариерите на некои улици кои се со нов режим на сообраќај во летниот период да се мобилни, но тоа се покажало како несреќно решение.

Во прво време овие физички бариери размислувавме да ги замениме со светлечки триаголници, но тоа не е добро решение. Искуството ни покажува дека несовесни граѓани ги отстрануваат влегувајќи со возилата во забранетиот простор, објаснува Танески.

Останува да се надеваме дека до завршувањето на летниот режим на сообраќај, а тоа е до крајот на август, а на некои улици и до крајот на септември нема да има потреба од интервенција со специјално возило, а на локалната и останува добро да размисли при носењето на летниот режим за наредната година за да не се прават вакви пропусти кои можат да чинат и човечки живот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top