40 топли, меки, детски ќебиња отидоа во детската градинка Јасна Ристеска. Ова е уште еден хуман гест, на фамилијата Настоски, денес по повод светскиот ден на детето.
Зимата доаѓа, ќебиња секогаш се потребни. Детската градинка Јасна Ристеска доби 40 ќебиња. Станува збор за донација од семејството Настоски, наменета за децата од предучилишна возраст. Директорката на установата Марина Петроска Тодоровска благодарна на овој хуман гестот. Таа изрази посебно задоволство од иницијативата и ангажирабоста која ја покажуваат фирмите и поединците а се со цел да се подобрат условите за престој и воспитување на децата.
„Тоа го поздравувам од мое име и од целиот колегиум и од дечињата, веќе добивме донација теписи за новите простории а еве денес на денот на детето, независниот советник Настоски изрази желба да донира 40 ќебиња за дечињата. Зимата доаѓа ќебињата секогаш ни се потребни.“ -истакна Тодороска.
Советникот Љупчо Настоски, денес на Светскиот ден на детето, имал посебна причина да донира ќебиња, за децата од градинката. Настоски истакна дека ја продолжува неговата пракса да донира на институции па и на приватни лица и дека оваа донација ниту е прва ниту ќе биде последна.
„Јас и моето семејство од семејниот буџет одвоивме средства, така да и за детската градинка тое е еден од начините што сакам да помогниме во доменот на нашите можности.“ Денеска е светскиот ден на детето и пораката е јасна повозрасните треба да се грижат за децата“- вели Настоски.
Донацијата на ќебињата секако дека е добредојдена за дечињата. Но за новите занимални во детската градинка Јасна Ристеска потребен е и инвентар, поточно мали дрвени работни масички како би се доопремил просторот наменет за работни часови. Околу 90 охриѓанчиња со нетрпение го очекуваат долгонајавуваното отпочнување со работа на новите простории во градинката.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град