Продолжуваат препукувањата помеѓу Јавното комунално претпријатие „Охридски комуналец“и Општина Охрид.
Легален или нелегален статусот на детските реквизити за банџи скокови, кои пред помалку од еден месец никнаа во градскиот парк? Неодамна, првиот човек на Одделението за инспекциски надзор при Општина Охрид, Танас Танасоски, кажа дека сопственикот на ова парче урбана опрема, поседува валиден важечки договор, па со тоа нема простор за нивно делување. Станува збор за договоро за закуп на простор, кој во 2007-та година лицето Трајанчо Митрески го има склучено со Општина Охрид, договор кој истекува во 2012 година. Танасоски појасни дека ваквите договори се издаваат со амин на Градоначалникот Александар Петрески.
Со дијаметрално спротивен став Директорот на Ј.П „Охридски Комуналец“. Тој вели дека сопственикот на овие реквизити, кој воедно е и сопственик на детските автомобили за изнајмување, е најголем узурпатор на оваа јавна површина. Алче тврди дека сопственикот не поседува дозвола за користење на тој простор,без која посочениот договор со општината не е валиден.
„Елементарно непознавање и манипулирање со јавноста. Исто како да сакам да купам нива во Рача без да псоедувам соодветно решение. За поставување на урбана опрема треба да имате решение издадено од Секторот за урбанизам и заштита на човековата околина, решение кое се издава според однапред утврдени локации од страна на Советот на Општина Охрид, дециден е Алче.
Директорот на “Охридски комуналец“ вели дека ќе истрае во намерата да го реши овој долгогодишен проблем и најавува кривични пријави за сите кои не постапувааат согласно важечките закони во република македонија.
Ваквата некоординираност помеѓу раководителот на општинскиот инспекторат и директорот на Јавното претпријатие Комуналец, две тела кои треба да функционираат синхронизирано под капата на Општината, поставува многу прашања. Слаба комуникација, непознавање на законската регулатива, селекетивен пристап во издавањето на ваквите дозволи или пак причина за овој проблем кој со години се провлекува е нешто сосема друго? Очигледно, како и многупати досега, за статусот на ова парче урбана опрема, дали неговото поставување е легално или не, ќе мора да пресече и да каже првиот човек на градот. Не може постојано одговорноста да се префрла од еден на друг, кога сите субјекти кои треба да го решат овој проблем, се под негови ингеренции.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град