Ќе се учи за НП Галичица

Од есен охридските основци ќе учат повеќе за  вредностите на НП Галичица.

 |  Валентина Нелоска  | 

Од есен охридските основци ќе учат повеќе за  вредностите на НП Галичица.

Охридските основци со стартот на новата учебна година ќе  стекнуваат повеќе знаења за значењето на националниот парк „Галичица“ вели директорот на оваа установа Зоран Ангелоски. Истражување спроведено од страна на Факултетот за туризам и угостителство покажало дека основците  имаат мали познавања за вредностите на НП Галичица.

Zoran AngeloskiСега, во соработка со училиштат овој пропуст ќе се надминува. Учениците ќе  добиваат повеќе знаења преку брошури кои ги изработува паркот. За нив ќе се организираат и прошетки низ паркот, па дури и часови во природа наговестува директорот Анѓелоски.   

И за посетителите кои ќе посакаат да се запознаат со убавините и богатството на НП тоа ќе им биде овозможено да го добијат  во  информативниот центар кој е во фаза на изградба. Овој  центар е лоциран  веднаш над Спомен Паркот на паднатите борци. Во моментов се привршуваат работите околу кровната конструкција, а се очекува  работите целосно да бидат завршени и да биде пуштен во употреба  кон крајот на месец октомври нагласува Ангелоски. Постеителите тука ќе можат да купуваат сувенири и да се запознаваат со традициналниот начин на живеење на населението кое егзистира  во  рамките на паркот.
За негова изградба се обезбедени 300.000 евра , а ентериерното уредување ќе чини дополнителни  70.000 евра. Проектот за изградба на информативниот центар го спроведуваат заеднички НП Галичица и Невладината организација „Крик“ од Реџо ди Калабрија од Италија.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top