• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Ке се реновира Специјалната болница за ортопедија и трауматоогија „Свети Еразмо“ во Охрид

Ке се реновира Специјалната болница за ортопедија и трауматоогија „Свети Еразмо“ во Охрид

Министерството за здравство објави видео на кое што можат да се видат детали за изгледот на Специјалната болница за ортопедија и трауматоогија „Свети Еразмо“ во Охрид по најавената реконструкција.

 |  Голабовски Крсте  | 
sv.erazmo

Министерството за здравство објави видео на кое што можат да се видат детали за изгледот на Специјалната болница за ортопедија и трауматоогија „Свети Еразмо“ во Охрид по најавената реконструкција.

sv.erazmoОд средината на месец октомври се очекува да започнат градежните работи за реконструкција на болницата кои треба да завршат во рок од 18 месеци или до април 2017 година, најави министерот за здравство на Република Македонија Никола Тодоров.

Станува збор за вкупна инвестиција вредна 215 милиони денари. Проектот опфаќа реновирање и адаптација на постојниот објект на Специјалната болница за ортопедија и трауматологија Охрид Св. Еразмо – Охрид, а вклучувајки ги и потребите на Заводот за кардиоваскуларни заболувања во Охрид.

– Целта е со оваа реконструкција да овозможиме сериозно унапредување на стандардите и условите за работа, како и зголемување на капацитетите за дијагноза и третман на пациентите. Инаку, оваа болница датира некаде од 1950 година (кога функционирала во бараки), потоа во 70-тите години бил изграден објект од поцврста градба, а веќе во 90-тите години била изградена карабината врз основа на која во претстојниот период ќе се гради нова, најсовремена болница, рече Тодоров.

todorovКомплетната реконструкција, како што најави, ќе опфати површина од вкупно 5.623 метри квадратни, кои ја даваат функционалната целина на објектот (2.191 метар квадратен на приземјето, 2.061 метар квадратен на прв кат, 1.370 метри квадратни на втор кат).

– Инаку, првата фаза од проектот опфаќа доградба на централната-стара болничка зграда и карабината. Предвидено е да се реновираат и реорганизираат амбулантите, лабораторијата, стерилизацијата, и другите дијагностичките содржини. Ќе бидат комплетно реновирани операционите сали со интензивната нега, како и болничките оддели со оформување тоалети во секоја соба. Исто така, со доградбата на централната-стара болничка зграда, предвидено е во карабината да се имплементираат содржините кои се потребни на Заводот за кардиоваскуларни заболувања, додаде Тодоров.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top