Ќе се преиспитува висината на надоместокот за гробарина

Ваков заклучок беше донесен на последната седница на советот. Износот од 1200 денари годишно кој ги вознемири граѓаните, според координаторот на претпријатието, Пандески иако висок сепак реален. Тој се пофали и со висок процент на наплата. Градски гробишта со рок до 15ти Јануари да се произнесат по заклучокот.

 |  Мишел Наумоски  | 
grobishta
grobishta

Повторно ќе се разгледува висината на надоместокот за гробарина. Износот од 1200 денари годишно за одржување на гробните места, како гром од ведро небо ги погоди Охриѓани. Сепак според координаторот на Јавното претпријатие „Градски гробишта“, Драган Пандески иако надоместокот е висок, сепак е реален. Пандески вели: Нашата анализа вели дека одржувањето на гробиштата не е само одржување на тие два метри квадратни, туку одржување на цела инфраструктура и на целата површина од 140.000 метри квадратни и 8350 гробни места.“ По многуте реакции од страна на граѓаните, проблемот повторно се врати во рамките на Советот на општина Охрид.

„Таа цена беше прифатена и изгласана и Јавното претпријатие во месец Декември таа одлука фактички само ја спроведе во дело. На оваа седница долго се расправаше околу оваа проблематика и советот донесе заклучок да јавното претпријатие под итно, односно до 15.01 ја преиспита цената и некаде околу 20ти ќе има нова седница на совет и јавното претпријатие треба да се произнесе по однос на заклучокот односно да ја преиспита цената на гробарината.“рече Драган Пандески-Координатор на ЈП „Градски гробишта“.

Dragan PandeskiНајбројните реакции се однесуваа на ситуациите во кои еден старател располага со повеќе од едно гробно место. Ова автоматски значи и две, три или повеќе добиени сметки што повеќекратно го зголемува износот на надоместокот за гробарина.

„И на тоа размислуваме. Навистина едно гробно место е 1200 денари ајде ќе речеме е во ред, но има луѓе посебно во муслиманскиот дел има три, четири, пет, тоа е навистина голема цифра. Нашето размислување во моментот, но тоа треба да го донесе управниот одбор, нашето размислување е максималната цена независно од тоа дали се 3,5,10 места, максималната цена да биде до 2000 денари.“-вели Пандески.

grobishtaМеѓутоа проблем не претставува само висината на надоместокот. По издавањето на првите сметки, излегоа и серија други нелогичности кои целиот процес го доведуваат во уште потешка состојба. Починати старатели кои сеуште не се евидентирани, старатели кои се социјални случаи и не можат да ја платат оваа сметка. За ваквите и други проблеми, Пандески вели ќе се снаоѓаме како што ќе доаѓаат, бидејќи системот на евиденција сеуште не е обновен, меѓутоа и тоа ќе се случи во наредниот период. „Ние работиме според законот кој бара задолжителна наплата на гробарината. Тоа е законска мерка и секој граѓанин треба да го почитува законот.“-вели Пандески, меѓутоа не ни кажа како ќе се постапува со оние кои не сакаат, но и оние кои не можат да го платат овој надоместок. И покрај острите критики, Пандески се пофали со висок степен на наплата на гробарината. Сепак ќе почекаме до средината на идниот месец за да ја дознаеме конечната висина на гробарината.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top