Ќе се гради голем клинички ценатар во Охрид

Групација од Турски болници ќе гради голем клинички центар во Охрид. Локацијата е позната, останува само да започнат градежните зафати.

 |  Татјана Маленкова  | 
aci badem
Аци Бадем

Градоначалникот Александар Петрески открива дека  повеќе сопственици на болници од Турција предводени
од
АЦИ Бадем, се
видно заинтересирани за инвестиција во Охрид. „На неколкуте средби со
инвеститорите
Разговаравме
и со Министерот за транспорт и врски и со бирото за инвестиции каде работи
нашиот сограѓанин Виктор Мизо и заеднички се договоривме
во Охрид да се гради клинички ценатр во кој би се вработиле од 200 до 250 лица“, вели
градоначалникот.

„ Инвестицијата
би чинела над 40 милиони евра, локацијата  е веднаш до специјалната
болница за оропедија и трауматологија „Св Еразмо“. Станува збор за клинички
центар со повеќе одделенија, гинекологија, урологија, хирургија. Овој
регионален центар би ги опслужува луѓето не само од
нашата туку и
од соседните земји
, изјави Градоначалникот Петрески.

lokacijaГрадоначалникот вели дека на Охрид и тоа како му е потребен ваков клинички
центар. Тој додава дека не само што на пацинтите таму ќе им биде достапно се,
туку и дека со ваков центар во Охрид може да се
разавива и здравствениот туризам.

„Кога
заминав за Турција, заминав за тоа. Бев во Јалова, а потоа остварив средба и со
раководните лица од болниците. Ја дефиниравме и архитектура и сега се чека
на нас
,тоа
урбанистички да го средиме. Поликлиниката треба да почне да се гради кон крајот
на септември или најдоцна до почеток на октомври”
, додава
градоначалникот.

Петрески вели дека не очекува проблеми во текот на
активностите при изградбата, затоа што како што кажа во целата приказна
вклучени се државата министерството за транспорт и врски и агенцијата за
инвестиции. Градежните активности треба да започната на крајот од месец
септември или пак почетокот на октомври.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top